Чудесни лушпички: Го регулираат варењето, го чистат организмот…
Ако сте се запрашале што е тоа псилиум (Psyllium) и како да го користите во вашата исхрана, не мора да се прашувате повеќе – ги имаме одговорите на тие прашања и неколку предлози за рецепти со оваа намирница.
Во последниве години, сѐ поголем е интересот за чудесните снегулки, на кои им се припишуваат голем број позитивни својства. Лушпите од псилиум се семиња на растението Plantago ovata, кое потекнува од Индија.
Нивната главна карактеристика е хигроскопноста – собирање на вода и набабрување.
Тоа е одлична намирница и одличен извор на растворливи влакна.
Познато е дека влакната помагаат во регулирањето на варењето, го прочистуваат телото од токсините, го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат вишокот килограми.
Еден од најдобрите извори
Значи, ако сакате да го зголемите внесот на влакна, псилиумот е одличен избор бидејќи 100 грама псилиум содржат дури 71 грам влакна, што ги прави овие лушпи еден од најдобрите извори на влакна во светот!
Растворливите влакна во лушпите од псилиум можат да помогнат во намалувањето на холестеролот, да го регулираат варењето (и дијареа и запек), да третираат синдром на иритабилно црево, хемороиди и други дигестивни нарушувања.
Докажано е дека Psyllium е ефикасен во следниве случаи и проблеми:
Запек – псилиумот делува како благ лаксатив. Во дигестивниот систем набабрува и ја поттикнува перисталтиката на цревата, а со тоа и празнењето.
Дијареа – може да помогне при блага дијареа. Поради своите својства за апсорпција на вода, помага да се зацврсти столицата и да се забави нејзиниот премин низ дигестивниот тракт.
Срцеви заболувања – растворливите влакна во исхраната се поврзани со пониски триглицериди и следствено го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Дебелина – како резултат на набабрувањето, псилиумот може да помогне во чувството на ситост и на тој начин да ве наведе да внесувате помалку храна.
Псилиум во исхраната
Иако може да се користи како помош при диета бидејќи помага при слабеење, затоа што со набабрувањето во желудникот ѝ дава волумен на храната и создава чувство на ситост, псилиумот игра голема улога и во подготовката на храната како адекватна замена за јаглехидратите.
Можете да го користите во сè што треба да ѝ даде густина и волумен на храната.
Еве неколку предлози за подготовка на здрави оброци кои содржат висококвалитетни лушпи од псилиум.
Состојки:
Сок од 1 лимон
1 лажичка псилиум
150 мл млака/топла вода
Подготовка:
Исцедениот лимон ставете го во чаша и прелијте го со млака (топла) вода.
Додадете една лажичка псилиум во лимонадата, промешајте и испијте.
Состојки:
1 банана
10 јагоди (може и замрзнати)
1/2 круша
1 лажица лушпи од псилиум
100 мл цеден сок од портокал
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Уживајте во освежителниот пијалак.
Повеќе совети!
Ако не го пиете пијалакот веднаш, промешајте го или протресете го пред да го консумирате бидејќи лушпите од псилиум ќе се издигнат до врвот и ќе создадат желатинска обвивка.
Состојки:
За „тестото“:
2 јајца
2 лажици рендан пармезан
1 лажица лушпи од псилиум
зачини: оригано, босилек, сол, бибер
1 лажица маслиново масло
За полнењето:
3 лажици сок од домати, домашен
босилек
80 гр моцарела
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите суви состојки за тестото. Додадете ги јајцата и сè добро измешајте. Мешајте најмалку 30 секунди, така што псилиумот да ја апсорбира целата влага.
Загрејте го маслото во тава, истурете ја смесата од тестото и развлечете ја со лажица за да има иста дебелина на сите делови.
„Печете го тестото“ по неколку минути од секоја страна.
Кога е готово се додаваат сокот од домати, исечканата моцарела и босилекот, па покријте на неколку минути за да се растопи сирењето.