„Чудотворeн напиток“ кој го поништува дејството на алкохолот и ве спасува од мамурлак

Фото: Unsplash
1.533

Наводно, Safety Shot делува преку подобрување на метаболичките процеси и разградување на алкохолот во крвта и создавање заштитен слој околу желудникот за да се спречи понатамошна апсорпција на консумираниот алкохол.

Safety Shot, новиот пијалaк кој треба да се појави на американскиот пазар, медиумите го рекламираат како чудотворен пијалак кој за помалку од еден час го намалува нивото на алкохол во крвта и ве спасува од мамурлак. Дали коктелот од состојки кој враќа во нормала после весела ноќ ќе се покаже како успешен, останува да видиме, а планираната цена за лименка која содржи 355 мл ќе чини околу 4,60 евра. Американците ќе можат да добијат Safety Shot во аптеките.

„Глобалниот пазар на производи против мамурлак расте побрзо од кога било, а експертите предвидуваат дека до 2030 година ќе надмине 6 милијарди долари“, пишува онлајн порталот Oddity Central, додавајќи дека Safety Shot би можел да биде еден од главните играчи на пазарот, ако новата формула навистина може да ја намали содржината на алкохол во крвта на половина за половина час, како што е наведено. Покрај борбата против мамурлакот, пијалакот наводно може да го намали ризикот од труење со алкохол.

Се вели дека Safety Shot делува преку подобрување на метаболичките процеси и разградување на алкохолот во крвта и создавање заштитен слој околу желудникот за да се спречи понатамошна апсорпција на консумираниот алкохол. Дали Safety Shot навистина ќе покаже резултати – и дали воопшто ќе се препорачува за консумирање на долги стази – останува да видиме.