Време е за лесни оброци кои го чистат телото од токсини. Никогаш нема да погрешите ако зготвите чорба полна со зеленчук и ја јадете во текот на денот.
Наш предлог е зелена крем супа која ја враќа потребната енергија на телото и помага да се надмине пролетниот замор кој допрва не очекува.
Потребни ви се:
300 грама спанаќ,
300 грама брокула,
1 главица кромид,
1 чешне лук,
китка магдонос,
1 корен од целер,
1 компир,
сол и пипер,
2 лажици масло.
Приготвување:
Во тенџере издинстајте ги кромидот и целерот, а потоа додадете ги спанаќот и брокулата. Истурете вода и варете околу 10-15 минути. Сето тоа измешајте го со блендер, додадете сол и пипер и свеж магдонос.
Ако сакате да го исчистите телото од токсини, јадете ја оваа супа и пијте многу вода цел ден и за сите оброци.
Ако можете, одете на прошетка или почестете се со енергичен тренинг за да се испотите. Потта исфрла најмногу токсини од телото.