Црвена или жолта? Дали сте виделе досега жолта сорта на лубеница?

Фото: Pexels
133

Жолтите сорти на лубеница, велат, често имаат вкус на мед или кајсија и се богати со бета-каротин

Дали некогаш сте виделе жолта лубеница и знаете ли што да направите ако некогаш во животот наидете на таква?

Одговорот е едноставен: купете ја, исечете ја и уживајте!

Велат дека жолтите лубеници се јадат исто како и оние црвените за кои многу пати досега сме се увериле дека, колку се поцрвени, толку се послатки, со таа разлика што можат да бидат уште послатки, односно со вкус кој потсетува на мед.

Италијански корисник на Редит пред некој ден наишол на својата прва жолта лубеница во животот, не можел да не се воодушеви од нејзината боја, но не бил сигурен дали воопшто може да се јаде.

Сепак, на интернет ќе најдете многу потврди дека тие навистина постојат и дека се сосема природни, па дури и да го прочитате интересниот факт дека се одгледувани порано од сеприсутните црвени лубеници.

„Црвената лубеница ја добива својата боја од ликопенот, антиоксидант кој се наоѓа и во други црвени или розови овошја како доматите.

Жолтите видови лубеници немаат ликопен. Но наместо тоа, тие содржат голема количина бета-каротен (нашето тело го претвора во витамин А).

А бета-каротенот е уште еден вид антиоксидант кој исто така може да се најде во овошјето како тиква, сладок компир или диња.

Без разлика на бојата внатре, сите лубеници ја делат истата кора со зелени пруги и месеста, крцкава текстура кога се зрели“, се вели на веб-страницата Cozy Meal, која исто така го истакна и следново:

„Жолтите лубеници што ги наоѓате во продавниците денес веројатно се одгледуваат во САД или Јужна Америка. Сепак, жолтите лубеници првично биле одгледувани во Африка пред околу 5.000 години“, се вели во извештајот.

„И во однос на јадливоста, жолтата лубеница има иста текстура како црвената лубеница, но различните сорти имаат свои уникатни вкусови.

На пример, Buttercup Yellow, со висока содржина на шеќер, е неверојатно слатка – дури и во споредба со другите жолти сорти на лубеница.

Но често, жолтите сорти на лубеница имаат вкус на мед или кајсија“, се заклучува во написот.