Дали бојата е показател за квалитет? Дали е вистина дека маслиновото масло со изразено зелена боја е подобро?

Фото: Freepik
338

Може да се каже дека зелените масла главно се произведуваат од предвремено собрани маслинки. Таквите зелени масла имаат многу поагресивни вкусови, пренагласена горчина со допир на непријатна трпкост. Исто така, се намалува интензитетот на ароматичните својства на маслиновото масло.

Плодот на маслинката обично содржи три пигменти: хлорофил-зелен, каротен-жолт и антоцијанин-виолетово-црн. Како што созрева маслинката, зелениот се менува во жолт и на крајот во црн.

Бојата на маслиновото масло произведено според правилата на професијата е всушност златно-жолта со мали нијанси на зелена боја. Од моментот кога маслото е произведено неговата боја се менува. Поради автооксидација старее и преминува во потемни нијанси на жолта, до жолто-кафеава. Жолто-кафеавата боја е знак дека маслото е многу старо и дека таквото масло не треба да се консумира.

Сите овие пигменти припаѓаат на често споменатите феноли, кои се природни антиоксиданти и зачувувачи на квалитетот на маслото. Ако маслинката се бере прерано, маслата се позелени и содржат растворен хлорофил, што е исто така добар за чување на маслото во идеални (темни) услови кај производителот. Но, потрошувачот обично нема идеални услови и шишето масло, колку и да е темно, сепак ја пропушта светлината. И тогаш тој хлорофил, кој на маслото му ја дава прекрасната зелена боја, создава контраефект и го забрзува стареењето на маслото, односно оксидацијата до 50 проценти.
Ако го земеме предвид овој факт, зелената боја на маслото не влијае добро на рокот на траење на производот за потрошувачите. Затоа, позелените масла мора да се користат што е можно поскоро по купувањето.
Може да се каже дека зелените масла главно се произведуваат од предвремено собрани маслинки. Таквите зелени масла имаат многу поагресивни вкусови, пренагласена горчина со допир на непријатна трпкост. Исто така, се намалува интензитетот на ароматичните својства на маслиновото масло.

Затоа, бојата не може да биде единствениот показател за квалитетот. Но, големите производители со задоволство ќе го истакнат тоа како фактор кој купувачот најлесно го прифаќа. Тоа е затоа што ние, како луѓе, сме визуелни суштества, па при изборот на производ примарно го користиме сетилото за вид. И така, несвесни за тоа, паѓаме во замката на потрошувачкото општество.

Текстот е од ТУКА.