Дали е безбедно да се остави путерот на собна температура?

Фото: Unsplash
137

Се сеќавате дека баба ви го оставаше путерот на кујнската маса и тоа не само пред да прави нешто благо? Но, дали е навистина безбедно? Дознајте, подолу.

Дали има нешто пофрустрирачко од обидот да се намачка со ладен путер парче свеж леб? Излегува дека е безбедно да се остави путерот на собна температура токму за таква намена.

Зошто е безбедно?
Путерот најчесто се прави со пастеризирано млеко, што значи дека е без бактерии кои се пренесуваат преку храна. Покрај тоа, составот на путерот е природно непривлечен за бактериите: целата таа славна маст (80 проценти од неговиот состав) значи дека путерот нема многу вода каде што бактериите можат да напредуваат. Додека од млекото се прави путер, молекулите на вода се одвојуваат и се опкружуваат со маснотии, кои се речиси непробојни за бактериите. Значи, во овој случај, мастите се наш пријател!

Плус, солениот путер има уште повеќе поени во своја корист кога станува збор за држење на собна температура. Солта и бактериите не одат заедно.

Колку долго трае?
Ако сакате да го чувате солениот, пастеризиран путер на масата, направете го тоа. Погрижете се да го ставите во сад за путер или сад со капак за да го заштитите од прашина и други загадувачи. Путерот ќе остане добар за јадење до две недели, под претпоставка дека во вашата куќа не е премногу топло.

Да, путерот на крајот ќе се расипе. Тие молекули на вода ќе се измешаат со молекулите на мастите и ќе предизвикаат нивно распаѓање. Бидејќи светлината го забрзува процесот, чувајте го садот со путер подалеку од директна сончева светлина за да му дадете најдолга можна свежина. Најдобрата опција е да не оставате само онолку путер колку што очекувате да искористите за една недела. После тоа, ризикувате да завршите со ужегнат путер, особено ако вашата кујна е топла.

Зошто можеби го претпочитате фрижидерот?
Ако сте решени да го чувате путерот во фрижидер, имаме неколку одлични начини да го доведете на собна температура за тоа свежо парче леб, за правење колачиња и слично.

Погледнете го видеото подолу: