Дали кафето дехидрира? Уролог ја открива вистината

Фото: Freepik
166

Мета-анализата со која се занимавале научниците наведува како заклучок дека „кафето, кога се консумира во умерени количини, дава слични хидратантни квалитети како и водата“.


Ако сте зависник од кафе, знаете дека голтка кафе најдобро оди со голтка вода.

Всушност, овој напиток има многу обожаватели, но има еден голем потенцијален недостаток. Кафето понекогаш е лошо оценето како нездраво поради една главна причина: дехидрира.

Диуретик против дехидрација

Голем дел од конфузијата произлегува од погрешното разбирање за тоа што прави кофеинот во телото, а урологот Адам Рамин објаснува дека кофеинот е благ диуретик, што значи дека ја зголемува потребата за мокрење, па во таа смисла губите повеќе вода отколку ако не сте пиеле кафе.

Според него, тоа што нешто е диуретик не значи дека автоматски ќе ве дехидрира, а ефектот во овој случај е мал. Кафето е главно вода, така што со него го заменувате она што ќе го изгубите.

Што вели науката?
Мета-анализата со која се занимавале научниците наведува како заклучок дека „кафето, кога се консумира во умерени количини, дава слични хидратантни квалитети како и водата“.

Наодот во дел од ова истражување било дека возрасните кои пиеле помеѓу три и шест шолји кафе на ден не покажале разлика во хидратацијата – како што е покажано со мерење на маркерите и во крвта и во урината – во споредба со оние кои пиеле иста количина на обична вода.

На прашањето „Дали кафето ве дехидрира?“ нутриционистката Аманда Костро Милер додава:

„Порано постоеше совет дека луѓето треба да избегнуваат да пијат кафе ако сакаат да останат добро хидрирани, но тоа е мит. Сега знаеме дека кафето може да го сметате во своите дневни цели за хидратација.

Кафето не треба да ја замени водата

Иако кафето може да биде хидратантно, тоа не значи дека треба да го пиете како единствен извор на хидратација, велат експертите за списанието Healty.

Ако пиете кафе без вода, тоа може да му наштети на вашето здравје, да ве направи нервозни, вознемирени и да ви го наруши сонот.

„Не препорачувам да го користите кафето како главен извор на хидратација, бидејќи премногу кафе може да им наштети на бубрезите“, вели д-р Рамин.