Дали некогаш сте слушнале за амарант? Ако имате проблем со притисокот, холестеролот, глутенот …

Фото: Pexels
358

Дали некогаш сте слушнале за амарант, дали некогаш сте го пробале? Денеска ви ги откриваме сите лековити својства на оваа необична храна, која од ден во ден сѐ повеќе се користи.

Амарантот се смета за плевел во повеќето земји во светот, иако неодоливо личи на житарка, а како зеленчук се одгледува илјадници години. Ацтеките толку многу ја сакале оваа намирница што станала составен дел од нивните религиозни ритуали. Денес се користи на ист начин како и оризот, а хранливата вредност на амарантот е најмногу слична на киноата, што го прави здрава намирница. Ако сè уште се двоумите дали треба да пробате амарант, ќе ви дадеме неколку повеќе од добри причини зошто треба да го направите тоа што е можно поскоро.

Фото: Pexels

Ајде да одиме по ред.

Не содржи глутен. Бидејќи всушност не е житарка, амарантот не содржи проблематични протеини кои можете да ги најдете во пченицата, ‘ржта или јачменот. Брашното од амарант може да се користи за згуснување на крем супи, сосови и многу повеќе, а можете да го измешате и со други брашна без глутен при подготовка на колачи.

Холестерол. Се покажа дека маслата и фитостеролите кои се наоѓаат во амарантот помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта, вклучувајќи ги триглицеридите и ЛДЛ холестеролот.

Антивоспалителни својства. Амарантот содржи и масла и пептиди за кои истражувањата докажале дека можат да ја ублажат болката и да ги намалат воспалителните процеси во телото. Ова е особено важна информација за сите оние кои страдаат од хронично воспаление кое го нарушува здравјето во форма на дијабетес, срцеви заболувања.

Антиканцерогени својства. Веруваме дека во моментот кога ја споредивме оваа храна со киноа, самите заклучивте дека е многу здрава и има антиканцерогени својства, токму поради пептидите кои се наоѓаат во неа. Докажано е дека антиоксидантите ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали, а во исто време и од рак.

Висок крвен притисок. Неодамна спроведеното истражување докажа дека влакната и фитонутриентите кои се наоѓаат во амарантот го намалуваат крвниот притисок, поради што се препорачува за сите срцеви болни, како и за оние со висок крвен притисок.

Протеини. Оваа храна е многу богат извор на протеини кој е многу полесно сварлив од повеќето други растителни протеини, а најмногу е сличен на млечните протеини. Ова е одлична вест за сите вегани и вегетаријанци кои тешко поднесуваат мешунки.

Лизин. Зеленчукот и житарките обично содржат многу малку амино киселини, а амарантот е вистински исклучок бидејќи содржи лизин, аминокиселина која му помага на телото да го апсорбира калциумот, да изгради мускули и да обезбедува енергија.

Влакна. Многу е богат со природни влакна чија основна цел е да не заситуваат, да го подобрат здравјето на нашиот дигестивен тракт, да го намалат холестеролот и крвниот притисок, да ја забават апсорпцијата на шеќерот и да му дозволат на телото да произведува сопствена енергија.

Минерали. Кога се во прашање минералите, на прво место се калциумот, магнезиумот и бакарот, а има и помали количини на цинк, калиум и фосфор. Овие минерали се најважни за зајакнување на коските и мускулите, правилна хидратација, енергија и се од витално значење за извршување на некои секојдневни функции во организмот.

Витамини. Покрај сите големи минерали во амарантот има и многу витамини, вклучувајќи А, Ц, Е, К, Б5, Б6, фолати, ниацин и рибофлавин. Сите тие делуваат како антиоксиданти, го зголемуваат нивото на енергија, го контролираат лачењето на хормоните и многу повеќе.

Како влијае на имунитетот? Благодарение на сите витамини и минерали кои ги содржи, истражувањата докажаа дека поволно делува на имунитетот и природно го зајакнува, а се верува дека делува и превентивно на предвременото побелување на косата.

Како и повеќето семиња, јаткасти плодови и житарки, амарантот содржи одредени фитокиселини, молекула на фосфор што се врзува за многу минерали и ги користи овие важни хранливи материи. Поради оваа причина, амарантот секогаш треба добро да се натопи во вода пред да се готви за да се неутрализираат повеќето од фитокиселините. Исто така, оваа храна содржи мала количина на оксална киселина, поради што оние со гихт, бубрежно болните и оние кои боледуваат од ревматоиден артритис треба да ја избегнуваат во поголеми количини.

Амарантот можете да го испукате како пуканки и да направите многу здрави грицки. Зачинете го со малку мед или јаворов сируп.