Дали палминото масло е здраво или не?

Фото: Pexels
37

Веќе некое време е на лош глас, но прашање е како навистина влијае на нашите тела.


Се обидувате да се храните здраво, на пример, купувате интегрален леб од неколку видови житарки. Кога, меѓу главните состојки – озлогласеното палмово масло.
Излегува дека ова масло го има во поголемиот дел од храната што ја јадеме секој ден, барем во онаа купечката.

Тоа е веќе некое време на лош глас, но прашање е како навистина влијае на нашите тела.

Затоа е добро да се слушне што велат експертите.

Храна која содржи палмино масло

За почеток, треба да знаете која храна содржи палмино масло.

Како што пишува Very Well Health, палминото масло е сестрана состојка која се наоѓа во речиси половина од сите пакувани производи во супермаркетите. За разлика од кокосовото масло, палминото масло останува полуцврсто на собна температура, што го прави идеален додаток на производите за мачкање. Исто така е отпорно на оксидација, што ефикасно го продолжува рокот на траење на производот.
Затоа палминото масло може да се најде во популарните прехранбени производи, а само некои од нив се:

Леб

Слатки

Чипс

Чоколадо

Замрзнати или готови оброци

Сладолед

Пица

Намази како путер од кикиритки, маргарин.

Палминото масло се наоѓа и во многу хигиенски производи, од дезодоранси до пасти за заби и шампони.

Состав на палминото масло
Палминото масло, како и сите други масла, е 100 проценти од масти, но е богато со заситени масти. Процентот во него е околу 50 отсто, додека кај маслиновото масло е околу 14 отсто.

Една лажица палмино масло содржи:

Калории: 120

Масти: 14 г (заситени 7 г, мононезаситени 5 г, полинезаситени 1 г)

Витамин Е: 14% дневна вредност.

Дали палминото масло е добро или лошо?

Веб-страницата Health Line вели дека палминото масло има неколку потенцијално корисни ефекти врз телото, пред се, затоа што ја зачувува функцијата на мозокот и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Од друга страна, од Харвард напоменуваат дека палминото масло добило лоша репутација бидејќи е богато со заситени масти, кои се поврзани со срцеви заболувања. Заситените масти го зголемуваат таканаречениот лош ЛДЛ холестерол и триглицеридите, кои се фактори на ризик за срцеви заболувања.

Тие наведуваат и дека во претходните години транс мастите се сметале за најнездрави бидејќи се покажало дека тие го зголемуваат и нивото на ЛДЛ холестеролот и триглицеридите, а го намалуваат добриот ХДЛ холестерол. Наместо нив, во масовна употреба влегло палминото масло.

„Повеќето транс масти се вештачки создадени преку хидрогенизација. Делумно хидрогенизираното масло, кое се користи во многу преработени печива и грицки и за пржење храна, е главен извор на транс масти. Производителите на храна и рестораните мораа да најдат алтернативи. Една од нив е палминото масло. Но, иако не содржи транс масти и не е толку лошо како транс мастите, тоа не значи дека палминото масло е здрава храна“, порачуваат од Харвард.

Според нивните експерти за исхрана, палминото масло е очигледно подобро од храната богата со транс масти, но растителните масла кои се природно течни на собна температура, како што е маслиновото масло, сепак треба да бидат вашиот прв избор.

Згора на сето тоа, излегува дека еден од главните потенцијални недостатоци на палминото масло е тоа што содржи синџир на заситени масни киселини познати како палмитинска киселина. Компаративна студија од 2017 година покажала дека оваа киселина придонесува значително повеќе за воспаление во телото, отпорност на инсулин и зголемување на телесната тежина отколку другите форми, како што е маслиновото масло.