Дали пушите повеќе од пет години? Направете го овој лек и ослободете се од кашлицата
Ако сте пушач и не можете да се откажете од цигарите, пробајте го овој природен лек за да ја спречите непријатна кашлица. Лекот е едноставен и се состои од жолт кромид, вода, кафеав шеќер, куркума и ѓумбир.
Ако пушите повеќе од пет години, веројатно имате бронхитис, кој е проследен со карактеристична кашлица. Ако веќе не можете да се откажете од пушењето, можете барем да примените лек за оваа непријатна кашлица.
Иако пушачите најчесто мислат дека тоа е безопасна утринска кашлица, пушачката кашлица може да биде знак за посериозни болести како што се рак на белите дробови или хронична опструктивна белодробна болест (ХОБС).
Длабоката кашлица со искашлување на слуз, која започнала поради пушење, може да биде и последица на хроничен или долготраен бронхитис. Емфиземот е поврзан и со пушењето и се јавува кога воздушните кеси во белите дробови се оштетени, што го отежнува дишењето.
Доколку сте пушач и ве мачи хронична кашлица, најдобро е веднаш да престанете да пушите и кашлицата ќе исчезне за еден месец. Доколку не можете да се откажете од пушењето, пробајте го овој природен лек за да ја спречите таа непријатна кашлица.
Лекот е едноставен и се состои од жолт кромид, вода, кафеав шеќер, куркума и ѓумбир.
Состојки:
400 гр жолт кромид
Еден литар вода
400 гр кафеав шеќер
Две лажички куркума
Мал, излупен корен од ѓумбир
Приготвување:
Истурете вода и кафеав шеќер во тенџере и почекајте да зовријат.
Потоа во смесата додадете го исчистениот жолт кромид кој претходно сте го исечкале на четвртинки.
Во смесата додадете рендан корен од ѓумбир. Ставете ја куркумата.
Кога состојките ќе зовријат, намалете ја температурата.
Кога количината во садот ќе се намали на половина, исклучете.
Кога смесата ќе се олади, префрлете ја во тегла.
Оставете ја час до два на собна температура и префрлете ја во фрижидер.
Употреба:
Земете две супени лажици наутро, на празен стомак и навечер, два часа по јадење.