Далматинска супа од камен: Некогаш храна за сиромашните, денес – специјалитет

Скриншот/Јутјуб
188

Јадранското Море со векови хранело генерации на оние кои се раѓале, живееле и умирале покрај него. Нивната снаодливост немала граници, па веројатно на тој начин настанала и супата од камен, поточно, кога ќе се врателе на копното со празни мрежи.

Откако пишувавме за новата хит улична храна во Кина, пржени камчиња, се јавија нашите пријатели од Далмација и ни раскажаа интересна приказна за рибарите кои по лошиот риболов и празните мрежи, наместо риба дома носеле камен од кој вредните домаќинки правеле вкусна супа.

До пред неколку години, супата од камен беше убава анегдота, приказна од старите времиња. Меѓутоа, со појавата на сè поголем број ресторани и угостители кои ја негуваат традиционалната медитеранска кујна, супата од камен повторно го најде своето место во понудите на угостителите, пишува порталот RiboLov.

Јадранското Море со векови хранело генерации на оние кои се раѓале, живееле и умирале покрај него. Нивната снаодливост немала граници, па веројатно на тој начин настанала и супата од камен, поточно, кога ќе се врателе со празни мрежи. Кога уловот риба бил сиромашен или таа се продавала за да се соберат пари за нормален живот, тие за себе готвеле морски камења полни со мали школки, полжави, понекогаш дури и мали рибички… Тоа било јадење на сиромашните. Во водата се додавале само неколку зеленчуци со каменот и се оставало на малите морски жители да ѝ го дадат вкусот на супата.

За супа од камен, треба добар камен

Секако, вкусот на супата зависи и од тоа дали бил добар каменот. Имено, иако можеби звучи необично, но самиот камен и сите живи суштества на него ѝ даваат на супата посебен вкус, тоа е вкусот на морето.
Самиот рецепт е исклучително едноставен, но предизвикот е да се најде добар камен. Тој мора да биде шуплив, со многу дупчиња за да може во нив да се сместат алги и разни мали морски жители. Морските алги се една од најстарите и нутритивно најбогати намирници.

Но каменот во никој случај не треба да се отстранува насилно од неговото природно живеалиште, туку треба да се користат камења од дното на морето или оние кои биле исфрлени на брегот од бурата. За тенџере кое ќе нахрани четири до пет луѓе, доволен е камен малку поголем од тупаница.

Деликатес за оние кои имаат некоја тајна врска со морето
Понатаму, постапката е едноставна и зависи од достапната храна. Каменот се става во ладна вода во која се додаваат моркови, кромид, можеби компир, магдонос… Внимавајте со солта бидејќи самиот камен ќе даде многу соленост, подобро е да го додадете после првото вкусување. По половина час до 45 минути се вади каменот, се цеди супата, потоа се враќа сечканиот зеленчук и се варат тестенини или ориз по желба. И покрај фактот дека супата од камен последниве години е вклучена во менито на некои убави ресторани кои не дозволуваат овој рецепт да биде заборавен, нема страв дека ќе стане широко распространет и вообичаен рецепт бидејќи за наоѓање на идеалниот камен е сепак потребно искуство, добро познавање на морето и поврзаност со истото. Затоа оваа супа ќе остане деликатес за оние кои имаат тајна врска со морето.

Ако имате можност летово, пробајте, а нејзиниот вкус нека ве пренесе за миг во тешките, но романтични времиња на старите рибари…