Десерт за чиста петка! Замирисајте го вашиот дом со неодолив сезонски крамбл…

Фото: Freepik
447

Подолу е рецептот за крамбл со сезонско овошје што одлично ќе се комбинира со топка сладолед од ванила.

Сочни, домашни праски, сливи или некое друго сезонско овошје кое го имате во комбинација со ронливи трошки и топка сладолед – тоа е десерт од соништата! Станува збор за популарниот крамбл, десерт кој се подготвува додека да трепнете.

Подолу е рецептот за крамбл со сезонско овошје што одлично ќе се комбинира со топка сладолед од ванила.

Состојки:

За филот:

Праски и боровинки или сливи околу 800 гр
Кафеав шеќер 50 гр
Кора од портокал
Цимет 1 лажиче
1 лажица обично брашно

За ронливото тесто:

Брашно 250 гр
Путер 150 гр
Шеќер во прав 80 гр
Шеќер 80 гр
Мелени бадеми 50 гр

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Исечете го овошјето на помали парчиња.

Ставете ги на дното на плиток огноотпорен сад долг околу 28 см или тркалезен сад со дијаметар од 22-23 см.

Измешајте шеќер, кора од портокал, цимет и една лажица брашно и со смесата посипете го овошјето.

За тестото, со раце втријте го путерот во брашното, а потоа измешајте ги останатите состојки.

Распоредете ги трошките тесто врз овошјето и печете во рерна 30-40 минути или додека тестото не порумени одозгора.

Оставете да се излади околу 15 минути пред послужување.