Девет фантастични трикови со кои храната ќе трае подолго

Фото: Pexels
605

Ако научите да ги одржувате прехранбените производи посвежи подолго, ќе можете да го намалите бројот на одења до продавница, а со тоа и вашата потрошувачка

Кризата со енормно зголемените трошоци за живот ја зафати цела ЕУ, вклучително и нашата земја, а ретко кој со нормални, просечни примања не мора малку да го стега ременот. Се трудиме да заштедиме секаде каде што можеме, особено сега кога цените на храната вртоглаво пораснаа. Во оваа смисла, секоја помош во штедењето е добредојдена, вклучувајќи ги и овие неколку трикови кои ќе ви помогнат купената храна да издржи подолго време.

Чувајте ги зачините како букет цвеќе

Ако користите свежи билки во готвењето, тие ќе траат неколку недели ако ги третирате како цвеќиња: отсечете малку стебло на дното и ставете ги во чаша или вазна со вода, а потоа во фрижидер. Лукот дури и ќе продолжи да расте ако ги користите само врвовите и ги оставите корените во водата. Нема ништо полошо од тоа да купите куп свежи билки кои ќе овенат за неколку дена, уште пред да почнете да ги користите. Едноставен трик за да го спречите тоа е да ставите неколку сантиметри вода во чаша и во неа да ги ставите овие растенија како цвеќиња. Доколку сакате да траат уште подолго, покријте ги со проѕирна пластична кеса за сендвич и ќе се изненадите колку долго ќе траат. Ако тревките веќе изгледаат малку изнемоштени, можете и да ги замрзнете. Исечкајте ги, ставете ги на дното на сад за коцки мраз и прелијте ги со вода. Кога сакате да ги користите, само извадете ги и додајте ги во вашата супа, сос или чорба.

Замрзнете го овошјето што е „при крај“

Истото важи и за сите видови овошје кои почнуваат да делуваат како да се при крај. Замрзнете ги и можете да ги користите за да подготвите смути.

Ставете го бајатиот леб во рерна

Не мора да го фрлате стариот леб. Наместо тоа, брзо ставете го под млаз вода и потоа ставете го во загреана рерна неколку минути. Водата ќе помогне да се освежи лебот и да му се врати влажноста, па кога ќе го извадите од рерна ќе биде мек и свеж како штотуку да е печен.

Завиткајте го кашкавалот во хартија за печење

Кашкавалот обично го носиме од продавница во пластични пакувања и обвивки, но нема долго да издржи во вашиот фрижидер завиткан на овој начин. Наместо тоа, завиткајте го во некој порозен материјал, како хартија за печење, за да може да дише, но и да не се стврдне.

Ставете го остатокотм од виното во замрзнувач

Доколку не сте го довршиле шишето вино и не сакате остатокот од виното да се расипе, истурете го во сад за коцки мраз и замрзнете го. На овој начин ќе подготвите совршени порции вино кои ќе можете да ги додадете во тенџере следниот пат кога ќе правите сос или рагу болоњезе, а можете да ги искористите и за подготовка на сангрија. Само имајте на ум дека нема да има сосема ист вкус како порано, затоа не го користете за пиење туку за готвење.

Измијте ја салатата непосредно пред јадење

Влагата е непријател на салатата, па следниот пат кога ќе ја купите, не паѓајте во искушение веднаш да ја измиете во вода. Наместо тоа, обложете пластичен сад со хартиени салфети и ставете листови зелена салата врз нив, а потоа покријте ги со друга хартиена салфета. Кога ќе одлучите да ја јадете салатата, измијте ја и ќе биде совршена.

Измијте ги шумските плодови во раствор од оцет

Нема ништо полошо од тоа кога ќе одвоите пари за кошница со малини, капини, боровинки, јагоди или друго шумско овошје и веќе следниот ден ќе почне да има траги од мувла на нив. Доколку сакате да го спречите тоа, подгответе раствор од вода и оцет во сооднос 3 спрема 1, натопете го овошјето во него, а потоа исплакнете го, исушете го и ставете го на хартиена салфета пред да го сместите во фрижидер. Ќе остане подолго свежо и без мувла.

Завиткајте проѕирна пластична фолија околу стеблото на бананата

Доколку постојано имате проблем со бананите кои многу брзо стануваат кафени, па дури и црни, купете малку време така што ќе завиткате проѕирна кујнска фолија околу стеблата од бананата. Бананите произведуваат етилен гас, кој го забрзува процесот на гниење кога ќе дојде во контакт со други делови од овошјето. Можете да го забавите процесот со завиткување на стеблата во фолија или со закачување на бананите на кука.

Ставете ги морковот и целерот во вода

Како да направите вашите моркови да траат што подолго? Морковите исечкајте ги на стапчиња, па потопете ги во ладна вода во тегла со капак и ставете ги во најстудениот дел од фрижидерот. Променете ја водата на секои 4 до 5 дена. На овој начин, морковите можат да останат свежи и крцкави до еден месец. Истото важи и за целерот.