Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: На менито главно италијански специјалитети, пиците чинат околу 450 до 800 денари

Фото: Фејсбук
664

Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во срцето на Белград на вода, во кој на менито се нудат главно, италијански специјалитети.


Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград.
„Белградe, отворени сме. Големи честитки за мојот тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд!“ напиша Џејми Оливер и сподели фотографија од персоналот на својот Инстаграм профил.

Во согласност со името на ресторанот „Jamie’s Italian“, на менито се нудат главно италијански специјалитети, а цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари (околу 450 до 800 денари).

Кога станува збор за тестенините, најевтини се равиолите со тартуфи, кои чинат 975 динари (околу 500 денари), а најскапа тестенина се сицилијанските лингвини со гамбори – чинат 1.755 динари (околу 900 денари).

Нудат и јадења со месо, како и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота.

Порција тирамису чини 655 динари (околу 350 денари).