Џелато или сладолед: Дали знаете која е разликата помеѓу овие два омилени (и слични) летни десерти?

Фото: Pexels
424

Изгледаат речиси исто, а многумина дури мислат дека џелато е само италијанското име за сладолед. Па, не е, а ако сте се запрашале која е разликата, еве го одговорот.

Сладоледот уште од дамнина бил деликатес на елитата, а меѓу „обичните луѓе“ се раширил во 19 век кога дошло до брз развој на млечната индустрија. Што се однесува до џелатото, сигурно знаеме дека стигна нешто подоцна, од Италија. Иако и денес има дебати дали пристигнало од Сицилија или од Фиренца.

Веројатно не постои место на светот кое сè уште не ја открило магијата на сладоледот. Од друга страна, џелатото е поинаква приказна – и тоа онаа што не ја знаат ни многумина кои го пробале. Тие изгледаат речиси исто, а многумина дури мислат дека џелато е само италијанското име за сладолед. Па, не е, а ако сте се запрашале која е разликата, еве го одговорот.

И џелатото и сладоледот се кремасти, замрзнати десерти направени од млечни производи и шеќер.

И двата десерта имаат исти состојки: млечни производи, шеќер, разни ароми и воздух. Само, разликата е во нивните пропорции. Сладоледот има повеќе воздух, додека џелатото има помалку. Оваа разлика се јавува за време на подготовката, односно мешањето за време на замрзнувањето. Сладоледот се меша побрзо и поголемата количина на воздух му овозможува да има поголем волумен.

Сладоледот содржи повеќе млечни масти, а може да вклучува и жолчки од јајце (кои пак додаваат повеќе маснотии и делуваат како стабилизатор), што е поретко кај џелатото. Од друга страна, џелатото може да содржи повеќе млеко и шеќер.

Оние кои ги пробале двата десерти веројатно ја забележале разликата во текстурата. Џeлатото има свиленкаста текстура и изгледа погусто од сладоледот, додека сладоледот има поголем волумен и е полесен. Ова е причината зошто џелатото е пополно со вкус од сладоледот.

Разлика има и во послужувањето. Џелато се служи на малку повисока температура од сладоледот, што помага да се ослободи вкусот во него, а се сервира и со „лопатка“ наместо со тркалезна лажица за вадење сладолед.

Овој омилен летен деликатес може да се најде во различни варијанти. Сорбетот е вид на сладолед кој обично се подготвува без млечни производи. Наместо тоа, се користи овошен сок или пире измешано со шеќер и вода. Бидејќи е без маснотии, сорбетот е популарен кај луѓето кои избегнуваат лактоза или млечни производи.

Ако некогаш се најдете во Јапонија, задолжително пробајте мочи. Овој јапонски деликатес, кој комбинира сладолед завиткан во меко и желатинско оризово тесто, доаѓа во безброј необични вкусови. Покрај мочи направено од зелен чај (мача) и паста од црн сусам (курогома), популарно е и она направено од сладок бел грав (анко) или од класично овошје како јагода и манго.