Диета со кафе, може?

Фото: Pexels
129

Кафето може да делува како препарат за согорување маснотии, само ви требаат неколку додатоци

Доколку не сте љубител на класичните диети и повеќе би сакале да користите одредени намирници за согорување на маснотиите, ве советуваме да го пронајдете идеалниот пијалак кој можете да го пиете во текот на денот.

За многу луѓе тоа е кафето, па зошто да не? Во овој омилен напиток можете да додадете неколку состојки кои ќе поттикнат слабеење па така кафето може да делува како согорувач на маснотиите.

Сé што треба да направите е да го зачините кафето со следните состојки:

2 лажички мед, 1 лажичка цимет и 1 лажичка кокосово масло.

Освен што ќе ве освежи, ова кафе секако ќе влијае на топењето на мастите, а долгорочно ќе го забрза и метаболизмот. За најдобри резултати се препорачува да се пие два пати на ден.