Дигестивни палачинки: Ако сте надуени и мислите дека ќе експлодирате, а ви се јаде нешто слатко…

Фото: Pexels
279

Кога чувствувате дека ќе експлодирате, дека не можете повеќе да ги закопчате панталоните и имате чувство дека сте се здебелиле најмалку пет килограми, време е да му обезбедите на вашиот дигестивен систем она што го сака: грст здрави влакна и корисни бактерии. И сето тоа спакувано во палачинки

Сакате палачинки? А кој не ги сака…

Но, ако се чувствувате надуени и имате чувство дека сте се здебелиле најмалку пет килограми, веројатно не ни помислувате на палачинки. Односно, веројатно си ги замислувате само со копнеж, но не мислите дека е паметно да ги јадете.

Едноставно, си мислите дека сега не е време за палачинки, туку е време да му обезбедите на вашиот дигестивен систем она што го сака: грст здрави влакна и корисни бактерии.

Епа ние најдовме еден рецепт во кој сето ова е спакувано токму во форма на палачинки.

Еве го рецептот со кој ќе подготвите едноставни и здрави американски палачинки кои ќе ве израдуваат и вас и вашиот стомак. Овие палачинки содржат добри влакна од овес, семки од рогач и лен, како и вредни бактерии од кефирот. Воедно се исклучително вкусни, воздушести и ќе ја задоволат вашата потреба за слатко.

Состојки:

2 јајца
1 чаша (од 200 мл) мелени овесни снегулки плус уште ½ чаша немелени овесни снегулки
½ чаша овесни трици
½ чаша мелен рогач
2 лажици ленено семе, кратко „скршено“ во блендерот
2 чаши кефир
½ чаша кисела вода
прстофат сол
½ лажичка прашок за пециво
1 лажичка квалитетно маслиново масло

Приготвување:
Сите суви состојки соединете ги во еден сад, а во друг длабок сад добро изматете 2 јајца со миксер. Додавајте наизменично дел по дел од сувата смеса и течните состојки (кефир и кисела вода) и измешајте. На крајот додадете малку маслиново масло, сè добро измешајте и оставете ја смесата за овие здрави американски палачинки да одмори околу петнаесетина минути.

Смесата ќе биде густа како каша. Земете нелепливо тавче и добро загрејте го, па ставајте со мала кутлача од смесата за две-три палачинки наеднаш (доколку е тавата доволно голема) и внимавајте да не се допираат. Треба да бидат подебели, а додека се печат на површината ќе се појават меурчиња. Намалете ја топлината на средно, а кога ќе поруменат од едната страна, превртете ги и од другата и пвторувајте ја постапката додека не ја искористите целата смеса, или додека не ја добиеме потребната количина на палачинки, а остатокот од смесата може да се чува во фрижидер до следниот ден.

Можете да ги јадете со путер од кикиритки или до домашен џем од сливи или едната намачкајте ја со путерот, па ставете врз неа уште еднаш и намачкајте ја со џем. Покријте со трета палачинки и сечете ги како мала торта. Секако, имате уште многу комбинации, па оставаме на вас да го направите вашиот најдобар избор.