Дилеми: да се појадува или не или пак само – што да се појадува?

Фото: Pexels
90

Всушност, не е важно дали јадете или го прескокнувате појадокот, сѐ додека во остатокот од денот се храните здраво.

Иако многумина го прескокнуваат, ние во „Арт кујна“ сѐ уште си стоиме на тоа дека појадокот е најважниот оброк.

Веројатно и ова е индивидуално, односно, секој треба да си се држи до своите потреби и навики.

Ако и вие сакате да појадувате, тогаш дефинитивно започнете го денот со здрав појадок:

Најдобро е појадокот да биде богат со протеини.

Меѓутоа, ако не се чувствувате гладни наутро или не ви се допаѓа појадокот, не го јадете. Заклучокот е дека не е важно дали јадете или го прескокнувате појадокот, сѐ додека во остатокот од денот се храните здраво.

Доколку одлучите да појадувате, калориите треба да доаѓаат од храна која го продолжува чувството на ситост и не го зголемува премногу нивото на шеќер во крвта.

Упатството за здрав појадок е комбинирање на сложени јаглехидрати (производи од цело зрно) со протеини (јајца, сирење, туна, млечни производи) и свеж зеленчук или овошје.

На овој начин добивате оброк кој има висока нутритивна густина (за разлика од високата калориска вредност на брзата храна и пекарските оброци), што го продолжува чувството на ситост, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, ја подобрува концентрацијата и расположението!

Еве неколку предлози за брз појадок:

Салата од тестенини во тегла

Состојки:

1 чаша варени тестенини од цели зрна (рж, овес).

Сос (за 4 лица): 2 чаши свежи листови босилек, 1/3 шолја ореви или кикиритки, 1/3 шолја пармезан, 1-2 чешниња лук, 1/4 чаша маслиново масло. Додатоци: 1 шолја исечкан зеленчук по избор (домати или пиперки), неколку коцкички фета сирење.

Приготвување:

Сварете ги тестенините, зачувајте 1/2 чаша од водата во која се варени.

Направете го сосот во блендер: изблендирајте ги босилекот, оревите, пармезанот, лукот и постепено додавајте масло. За сосот да не биде премногу густ (и да се намали количината на масло), додадете од водата.

Сварените тестенини измешајте ги со сосот, коцките од зеленчук и фета сирењето.

Спакувајте во тегла. Може да се подготвите еден ден однапред.

Салата од протеински оброк во тегла

Состојки: 3 лажици прелив за салата (на пример, маслиново масло и сок од лимон)

1/2 чаша протеин по избор (варено пилешко, тофу исечено на коцки, грав, туна, варени јајца),

1/2 чаша сечкан зеленчук (пиперки, домати, краставици итн. ),

1/4 чаши јаткасти плодови или семки (кикиритки, семки од сончоглед, семки од коноп…),

1 до 2 чаши сечкан зелен лиснат зеленчук.

Приготвување:

Во теглата наредете ги сите состојки за салата по наведениот редослед.

Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер. Овој оброк можете да го подготвите еден ден однапред.