Освен цената, која е важен фактор, често се поставува прашањето дали конзервираната риба е здрава и која би било најдобро да се купи со оглед на тоа што на пазарот има повеќе видови. Експертите конечно дадоа одговор на оваа дилема.
Конзервираната риба е често многу поволна, поради што е сосема нормално да биде дел од нашата исхрана и не е невообичаено да посегнеме по неа, без разлика дали се прави рибја паштета или оброк со тестенини.
Но, освен цената, која е важен фактор, често се поставува прашањето дали конзервираната риба е здрава и која би било најдобро да се купи со оглед на тоа што на пазарот има повеќе видови. Експертите конечно дадоа одговор на оваа дилема.
Конзервирањето ја одржува храната свежа и јадлива, особено онаа која е склона кон развој на различни патогени, а во процесот на конзервирање храната исто така поминува низ процес на стерилизација.
„Резултатот, за жал, е значително губење на хранливи материи, но откако овошјето или зеленчукот ќе се конзервираат, тие можат да траат со години, безбедни од опасните микроорганизми“, објаснува нутриционистката д-р Џес Кординг за порталот Mind Body Green.
Бројни предности
Таа наведува дека најздрав избор кога станува збор за конзервирана риба се сардините, но наведува дека другите конзервирани риби се достапен извор на протеини, се еколошки одржливи и не бараат долга подготовка или готвење.
Таа изјавила дека додавањето на конзервирана риба во исхраната носи бројни здравствени придобивки. „Конзервираните сардини имаат тенденција да содржат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако не е достапна свежа риба“, вели Кординг.
Имено, конзервираните сардини обезбедуваат голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, додека маслиновото масло додава мононезаситени масти здрави за срцето. Здравствените упатства препорачуваат консумирање две до три порции риба со малку жива неделно, а Кординг советува да ги комбинирате со тестенини, сирење или крекери за ужина.