Домашен и здрав сладолед навистина не е тешко да се направи! Имаме четири одлични рецепти

Фото: Pexels
1.139

Нема повкусно освежување од сладолед и никогаш не можете да се наситите од тоа ладно уживање

Летото е совршено време за уживање во ладен и освежителен сладолед.

Сепак, не се сите сладоледи здрави, затоа внимавајте како ќе се освежите.

Ви предлагаме да ги пробате овие четири совршено вкусни и здрави сладоледи.

Сладолед од авокадо

Авокадото содржи здрави масти и му дава кремаста текстура на сладоледот.

Во блендер измешајте авокадо со кокосово млеко, мед и сок од лимета, па префрлете го во калапи за сладолед и замрзнете.

Послужете и уживајте!

Сладолед од манго

Парчињата зрело манго измешајте ги во блендер со вода и исцеден сок од лимета и мешајте додека не добиете изедначена смеса, па ставете во калапи и замрзнете.

Послужете и уживајте во овој омилен, здрав егзотичен сладолед.

Сладолед од банана

Изблендирајте ги замрзнатите банани во блендер додека не добиете кремаста смеса која ќе послужи како основа за сладоледот.

Потоа измешајте ги вашите омилени состојки, како што се лешниците, какаото во прав или шумското овошје за да го збогатите сладоледот со вкус и хранливи материи.

Сладолед од јагоди

Состојки:

700 гр јагоди
100 гр шеќер
250 гр грчки јогурт
260 гр слатка павлака

Приготвување:

Измијте ги јагодите и исечете ги на коцки.

Ставете ги во поголем сад, додадете ги јогуртот и шеќерот, добро измешајте и оставете ги да отстојат околу два часа.
Потоа испасирајте ги јагодите со алатка за пасирање на компири.
Додадете шлаг изматен од слатката павлака.
Добро измешајте и префрлете ја смесата во сад со капак и ставете го во замрзнувач.
Откако ќе го ставите сладоледот во замрзнувач, не заборавајте да го мешате со шпатула секој час на почетокот и околу секој половина час, кога е речиси замрзнат, за да избегнете кристали.
Ако го оставите во замрзнувач неколку часа, извадете го десет минути пред да го послужите за да биде посвеж.