Домашен лек за настинка и грип: Огнениот оцет е познат и како пеницилин за сиромашни

Фото: Pexels
140

Овој народен мелем е направен од едноставни состојки, од кои повеќето ги имаме дома, па затоа го добил називот „пеницилин за сиромашни“.

„Огнениот оцет“ е стар народен лек кој најчесто се користи во зима, во сезоната на грип и настинки. Бидејќи овој мелем е направен од природни состојки кои можат да се најдат во секој дом, го добил прекарот „пеницилин за сиромашните“.

Една од клучните состојки во огнениот оцет е ренот, кој со векови се користи во медицината бидејќи може да ги исчисти синусите, да ја зголеми циркулацијата во крвните садови на лицето и да го поттикне исфрлањето на слузта од горниот респираторен тракт.

Фитотерапевтите го препорачуваат при настинки, грип и пневмонија поради благото природно антибиотско и антибактериско дејство.

Како се подготвува огнениот оцет?
Кога исхраната и народната медицина се вкрстуваат, добивате огнен оцет – стар лек наменет за зајакнување на имунолошкиот систем во текот на зимата. Се препорачува по една чаша од овој напиток секој ден, а ако ви е премногу јак или лут, можете да го додадете и во салати, на пример, со свежа зелка, ротквица, праз… Со векови е познат како „пеницилинот на сиромашните“, бидејќи е врвен лек за грип и настинка, бидејќи го загрева телото од внатре, поради мешавината од лутината и острината на ренот, ѓумбирот, пиперчето …

Потребни состојки:

½ чаша свеж рендан корен од ѓумбир
½ чаша свежо рендан корен од рен
1 кромид, сецкан
10 чешниња лук, згмечени
1 луто пиперче, сечкано
1 лимон или сок од еден лимон
1 лажица куркума во прав
2 супени лажици листови од рузмарин
¼ лажичка кајенски прав
литар јаболков оцет
¼ шолја домашен мед.

Подготовка:

Измијте ги, исчистете ги и добро изрендајте ги ренот и ѓумбирот. Исечете го кромидот и ставете го сето тоа заедно со билките во голема стаклена тегла со капак, од најмалку 2 литри. Истурете јаболков оцет во теглата додека не се покријат сите состојки и оцетот не дојде до врвот на теглата. Теглата цврсто затворете ја и протресете ја. Покријте ја со газа и оставете ја на темно, ладно место најмалку еден месец, протресувајќи ја повремено.

По еден месец, процедете ја смесата преку газа и истурете го оцетот во чиста тегла. Погрижете се да ја исцедите течноста од сите состојки при процедувањето за да се осигурате дека сите делотворни состојки остануваат во мелемот. Додадете мед во оцетот и мешајте додека не се раствори. Мелемот се пие по една чаша дневно.