Домашна супа… од кесичка? Подобро не!

Фото: Pexels
185

Иако многу од адитивите во овие супи се безбедни за консумирање во мали количини, долготрајното консумирање може да има негативни здравствени последици.


Готовите супи од кесичка се исклучително популарни меѓу луѓето, особено во лето кога никој не сака да се задржува долго пред шпоретот, но експертите предупредуваат: „Избегнувајте ги“

Незнам дали и вам како помлади ви изгледало како да сте зготвиле којзнае што кога сте направиле супа од кесичка, ама јас си изгледав како права готвачка кога првпат сварив самата ваква супа.

Па дека крушата под круша паѓа покажа и син ми кога еднаш, на прашањето дали со девојка му на одмор јадат само сува храна, се пофали: Не, не, баш денес си правевме домашна супа!

Ооо, браво, од што? Го потпрашав јас, а тој ми вели: од кесичка!

Ете толку за домашната супа.

Инаку, со оглед на тоа што сме сите во трка со времето, а летово и навјасани од големите горештини, супите од кеси често изгледаат како брза и практична опција за оброк.

Сепак, иако изгледаат како едноставно решение кое овозможува да се подготват оброците за миг, малку луѓе размислуваат за потенцијалните здравствени ризици што ги носат.

Иако се привлечни поради нивната едноставност и различните вкусови, супите од кесичка кријат бројни состојки кои можат да бидат штетни за вашето здравје.

Доколку редовно ја избирате оваа опција, важно е да знаете што се крие во пакувањето и какви последици може да има врз вашето здравје.

Иако се достапни во различни вкусови и ги привлекуваат потрошувачите со леснотијата на подготовка, супите во кеси всушност не се најздравиот избор.

Можеби на прв поглед изгледаат како добра замена бидејќи брзо добивате четири чинии супа, но доколку ги консумирате редовно, треба да знаете неколку важни факти.

Составот на супата од кесичката може да има негативно влијание врз здравјето.

Содржат голема количина сол и тестенини направени од бело брашно, што значи зголемен внес на јаглехидрати.

Посебен проблем се транс мастите, односно незаситените масни киселини и разните засилувачи на вкусот.

Не се здрави

Еден од главните проблеми со супата од кесичка е високата содржина на натриум.

Натриумот е важен за регулирање на крвниот притисок и функцијата на мускулите, но прекумерното консумирање може да предизвика хипертензија, срцеви заболувања и проблеми со бубрезите.

Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), возрасните не треба да консумираат повеќе од 2.300 милиграми натриум дневно, а една порција супа од кесичка може да содржи и до половина од таа количина.

Супите од кесичка често содржат конзерванси и адитиви кои го продолжуваат рокот на траење и го подобруваат вкусот.

Колку почесто, толку полошо

Иако многу од овие адитиви се безбедни за консумирање во мали количини, долготрајното консумирање може да има негативни здравствени последици.

На пример, мононатриум глутамат (MSG), кој често се користи како засилувач на вкусот, може да предизвика главоболки и други здравствени проблеми кај некои чувствителни луѓе.

Иако погодни, супите од кеси често се нутритивно слаби.

Тие обично содржат минимални количини на зеленчук и протеини, што ги прави несоодветен извор на есенцијални хранливи материи.

Редовното консумирање на такви супи може да доведе до недостаток на потребните витамини и минерали во исхраната.

Избегнувајте ги

Исто така, супите од кесичка често содржат додадени шеќери и нездрави масти.

Овие состојки го подобруваат вкусот, но во исто време ја зголемуваат и калориската вредност на производот, што може да придонесе за зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми.

Ако консумирате супи од кесичка два до три пати неделно, не се препорачува. Подобро е да се избегнува честото консумирање на овие супи.

Наместо супа од кесичка, се препорачува да се подготви домашна супа од свежи состојки. Домашните супи може да се направат пред време и да се замрзнат во порции што ги прави подеднакво брз оброк.

Изборот на поздрави алтернативи може значително да придонесе за подобро здравје и подобра исхрана.