Домашни лекови против запек

Фото: Pexels
660

Доколку го имате овој проблем, пред да посегнете по лаксативи, испробајте некој домашен лек за запек. Дознајте повеќе за едноставните и ефикасни домашни лекови кои можат да ви помогнат да го надминете овој здравствен проблем.

Еден од вообичаените проблеми со кои се соочуваат многу луѓе е запекот, состојба која може да предизвика непријатност и да го попречи нормалниот животен ритам. Во потрага по решение, многумина сакаат брз лек за тврда столица и се свртуваат кон домашните лекови, барајќи природни алтернативи кои ќе им помогнат во одржување на здраво варење.

Доколку го имате овој проблем, пред да посегнете по лаксативи, испробајте некој домашен лек за запек. Дознајте повеќе за едноставните и ефикасни домашни лекови кои можат да ви помогнат да го надминете овој здравствен проблем.

Природни лекови

Популарен и благ природен лек за тврда столица ќе биде од голема корист за овој проблем. Ставете неколку суви сливи натопени во вода преку ноќ и изедете ги за појадок наутро. На пример, додадете натопени сливи во житарки со овошје. Во повеќето случаи, варењето повторно брзо ќе се регулира.

Разредениот јаболков оцет исто така се покажал како добар лек.

Истурете 1 лажица оцет во чаша вода и испијте ја пред спиење.

Набабрените семиња, како што е лененото семе натопено во вода, ќе ги наполнат цревата и на тој начин ќе го олеснат нивното празнење.

Доколку често страдате од дигестивни проблеми, пред сѐ, треба да внимавате секојдневно да внесувате доволно количество течност.

Против тврда столица делува и чаша топла вода која треба да се пие наутро, на празен стомак.

Мешавината од мед и топла вода може да делува како благ лаксатив и да го стимулира движењето на дебелото црево.

Пијте една чаша јогурт дневно и ќе му направите услуга на варењето. Во јогуртот додадете една лажица ленено семе, што ќе ја поттикне перисталтиката.

Благи лаксативи се и медот, сок од јаболко и грозје, лажица рицинусово масло, овесни трици, босилек и лажица маслиново масло на празен стомак.

Чај против запек и тврда столица
Чаеви кои традиционално се користат за помош при тврда столица:

Чај од анасон. Ова е една од најефикасните билки за лекување на дигестивни нарушувања, особено за проблеми како што се запек и тврда столица, надуеност и гадење.

Чај од камилица. Камилицата има смирувачко својство кое може да помогне да се релаксираат мускулите на дигестивниот систем.

Чај од ѓумбир. Ѓумбирот има антиинфламаторни својства и може да го стимулира движењето на дебелото црево.

Брз лек за тврда столица
За да подготвите брз лек за тврда столица потребни ви се само две состојки и тоа една китка блитва или спанаќ и 2 дцл јогурт.

Изберете млади и свежи зеленчуци, одвојте ги стеблата од листовите и добро измијте ги листовите. Ставете ги во блендер и додадете 2 дцл јогурт и убаво изблендирајте. Пијте по една чаша од овој пијалак наутро и навечер.