Домати во тегла: Зошто да не ги зачувате вкусовите на летото и за во зима?

Фото: Pexels
772

Ова е универзален рецепт за домати во тегла. За него можете да користите секаков вид домати и да уживате во зимница без конзерванси

Во овој период од годината има многу домати …

Искористете ги на вистински начин.
Знаете дека за добра и здрава зимница е важно зеленчукот да е добар и здрав, теглите да се добро стерилизирани и капаците да се нови!

Сѐ друго е прашање на рутина и ваша добра волја.

Можете да уживате во свежите домати на безброј начини, но исто така можете да го зачувате вкусот и за постудените денови.

Еве како можете да ги зачувате доматите за есен и зима.

Состојки:

шери домати
домати

Земете тегли колку што сакате да оставите за зима. Во една тегла има околу 20 шери домати и околу 5-6 поголеми домати.

За една литарска тегла:

копар и магдонос
1-2 чешниња лук
1 ловоров лист
5-7 зрна црн пипер
половина главица кромид
2 лажички сол
2 лажици шеќер
1 лажица оцет

Приготвување:

Измијте го зеленчукот, исечете ги кромидот и лукот, измијте ги и исечкајте ги копарот и магдоносот. Во измиени и стерилизирани тегли, најпрво наредете ги копарот и магдоносот, ловоров лист, зрната црн пипер, лук, потоа шери доматите и доматите, кромид, сол и шеќер, а потоа повторно домати.

Завршете со копар и лажица оцет.

Прелијте со зовриена вода и стерилизирајте ги 10 минути, такшто ќе ги наредите теглите во тенџере со топла вода. Потоа, избришете ги теглите, затворете ги и превртете ги наопаку.

Можете да ја чувате зимницата на темно место.

Забелешка: Ако имате поголеми домати, пресечете ги на половина или на четвртини.