Дубаи чоколадото е атомска бомба за здравјето?!

Фото: Фејсбук
186

Откритието дека во прескапото Дубаи чоколадо кое го полуде целиот свет, се пронајдени многу штетни состојки ја шокираше светската јавност. Експертите предупредуваат дека последиците од внесувањето на пронајдените штетни состојки може да доведат до сериозни здравствени компликации.

Во прескапото чоколадо „Дубаи“ кое го полуде целиот свет, пронајдени се многу штетни состојки кои можат да бидат опасни по здравјето! Анализата спроведена во Германија покажала дека овој деликатес е контаминиран во текот на производствениот процес, дури до тој степен што воопшто не е погоден за човечка исхрана. Ваквото откритие ја шокираше јавноста, а последиците од внесувањето на пронајдените штетни состојки може да доведат до сериозни здравствени компликации, предупредуваат експертите.

Сѐ почна оттаму што министерството за заштита на потрошувачите на сојузната покраина Баден-Виртемберг во Германија, објави дека увезените примероци од „Дубаи чоколадо“ содржат опасни состојки кои го прават речиси неупотребливо за човечка исхрана.

Министерот за заштита на потрошувачите, Петер Хаук, предупреди на сериозноста на ситуацијата: „Од случаи на измама до потенцијални штети по здравјето, првите тестови открија алармантни факти за ова чоколадо.“

Контаминација и скриени состојки

Анализата на осум примероци, извршена од Агенцијата за хемиски и ветеринарни истражувања на Баден-Виртемберг, открила присуство на:

Вештачки бои: Чоколадото содржело високи концентрации на бои кои создаваат лажен впечаток за квалитет, односно, бои кои се значително поголеми од дозволените, а се користеле како замена за кремот од ф’стаци.

Неодобрени масти: Наместо какао путер, откриени се други видови масти, вклучувајќи палмино масло, кое не било означено на пакувањето.

Недекларирани алергени: Во некои примероци е пронајден сусам, што може да предизвика алергиски реакции кај чувствителни лица.

Министерството предупредува дека таквата контаминација е последица на несоодветни производствени практики, што го прави чоколадото непогодно за консумирање.

Зголемен ризик за потрошувачите

„Иако бројот на тестирани примероци е мал, резултатите се доволно загрижувачки за да поттикнат дополнителни истражувања,“ изјавил Хаук. Во меѓувреме, потрошувачите се советуваат да бидат претпазливи при купување увезени производи и внимателно да ги читаат декларациите.

Нарушување на здравјето
Нутриционистката Милка Раичевиќ за српски Информер вели дека чоколадото „Дубаи“ е целосно штетно за организмот, како и дека содржи состојки кои можат целосно да го уништат здравјето на оној што го консумира.

„Чоколадото „Дубаи“ е вистинска атомска бомба за човечкото тело и здравје. Во него имаме и млеко и темно чоколадо, ф’стаци, кадаиф, но и многу состојки кои ги заменуваат ф’стаците, поточно го залажуваат вкусот. Главниот проблем се штетните материи кои биле пронајдени при анализата. Ако некој изел мала количина или само го пробал ова чоколадо, тогаш ќе биде добро. Но, доколку некој редовно го конзумира овој деликатес и претера со внесувањето, последиците драстично ќе се одразат на телото“, истакнува Раичевиќ.

Што предизвикува „дубаи“ чоколадото?

Според нутриционистката, последиците од консумирањето на чоколадото „Дубаи“ можат да бидат погубни по здравјето.

Штетните материи кои беа пронајдени, за жал, отсекогаш ги имало во храната. Многумина немаат навика да ја читаат декларацијата и составот на производите што ги купуваат, а ист е случајот и со чоколадото „Дубаи“ кое преку ноќ стана популарно. Ако купите производ на кој не се наведени сите состојки, имате можност да ја тужите компанијата и да добиете отштета – вели Раичевиќ.

Оние кои консумирале чоколадо „Дубаи“ ќе почувствуваат дека се хиперактивни, тоа е првиот симптом што сите ќе го забележат. Исто така, ова чоколадо е исклучително штетно дури и за здрав човек, а камоли за дијабетичари, бидејќи неговото консумирање доведува до зголемување на инсулинот или нагол скок на шеќер. Она што го предизвикува ова чоколадо е секако дијареа, аритмија, забрзана циркулација, а често и драстично зголемување на крвниот притисок – вели Раичевиќ.
Таа советува дека е многу важно купувачот при купувањето да ја прочита декларацијата на производот за да биде информиран за неговиот состав.

Популарно поради името
Како што истакнува нутриционистката, чоколадото „Дубаи“ станало популарно не поради неговиот вкус, туку поради самото име кое се поврзува со луксуз и дека вистинските чоколади кои се полни со какао се всушност ретки и затоа тие треба да се класифицираат како луксуз.

Чоколадото „Дубаи“ не би станало толку популарно да го нема „Дубаи“ во името, бидејќи самото име им асоцира на луѓето на некаков луксуз. Денеска имаме многу чоколади кои содржат сребро, злато, дијаманти, па не станаа толку популарни, па во овој случај името на чоколадото добро го продаде производот -вели таа и додава:

Вистинската чоколада станува луксуз! Овде зборуваме исклучиво за висококвалитетни и скапи темни чоколади кои содржат вистинска и голема количина какао, што ја дава таа горко-слатка арома. Овие чоколади се особено скапи, бидејќи тие се единствените кои при конзумирање предизвикуваат вкус, кој во човечкиот мозок е регистриран како мајчино млеко. Згора на сето тоа, во интерес на вкусот, чоколадото „Дубаи“ обично е полно со транс масти, кои се карактеристични за млечните чоколади, истакнува Раичевиќ.