Еден до 2 бразилски ореви на ден: За подобро здравје, поубав изглед и подобро расположение

374

Бразилскиот орев е намирница која помага за слабеење и е бескрајно кориснa за здравјето, но пред да навалите и да „смачкате“ 100 грама бразилски ореви, треба да го знаете и ова…

Бразилскиот орев расте во амазонските шуми на Бразил, Колумбија, Перу и Боливија.

Дрвото достигнува до 50 метри височина и живее до 700 години.

Едно дрво дава околу 300 јатки (шушулки) во сезона, а секоја од нив тежи по 2,5 килограми.

Бразилскиот орев содржи големи количини селен и тоа го прави исклучително корисен за здравјето.

Селенот е неопходен антиоксидант кој има спротивно дејство од она на слободните радикали кои се главни виновници за стареење на кожата.

Исто така, соодветниот внес на селен во исхраната може да помогне во спречување на коронарна артериска болест, цироза  на црниот дроб и рак.

Ако со храната внесуваме оптимални количества селен, се подобрува расположението и општата здравствена состојба.

Подобрувањето на расположението најверојатно се должи на антиоксидативното својство на селенот, со што се подобруваат човековите ментални функции и се овозможува подобар прилив на крв во мозокот.

Бразилскиот орев содржи и многу протеини и влакна кои помагаат за контролирање на чувството на глад, па така придонесува и за поефикасна диета и за симнување на вишокот килограми.

Бразилските ореви се одличен извор на мононезаситени масни киселини кои помагаат во намалување на лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта.

Пред да навалите и да „смачкате“ 100 грама бразилски ореви, треба да го знаете и ова.

Тие содржат исклучително високо ниво на селен, па на 100 грама плод доаѓа околу 1917 мг на селен или 3485% од препорачаната дневна доза.

Затоа не треба да се претерува со консумација на бразилските ореви, бидејќи кога е во големи количини селенот може да предизвика замор, главоболка, раздразливост итн.

Консумирајте ги внимателно, и тоа 1 до 2 оревчиња на ден.