Една лажичка дневно од овој зачин, ќе ви ги преполови килограмите

Фото: Pexels
7.124

За да се подобри метаболизмот, внесот на семки од кумин треба да биде една кафена лажичка дневно. Додадете го овој зачин во јадења направени од јајца, месо, сирење, а исто така и во јогурт и салати. Само имајте предвид дека куминот не е исто што и кимот

Многу луѓе грешат кога мислат дека куминот и кимот се исти, а всушност тие се сосема различни растенија кои едноставно имаат некои сличности. Куминот е доста полут, посветол и семките се поголеми во однос на кимот. Специфичниот вкус на куминот е силен и има топла арома поради содржината на есенцијално масло, но се губи при мешање со храна. Иако мирисот е силен, вкусот е многу благ.

Куминот го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите. Лечи надуеност, го исфрла вишокот вода и токсини од телото, ја намалува мачнината, а се вели дека е одличен во спречување на дијабетес.

Куминот содржи антиоксиданти, витамини А и Ц, но и есенцијални масла кои му користат на телото.

На Институтот за медицински науки во Техеран, научниците собрале 2 фокус групи, од кои секоја се состоела од 44 жени со прекумерна тежина.

Во текот на 3 месеци и двете групи јаделе по иста шема (1200 калории на ден) со таа разлика што во дневното мени на првата група вклучиле 1 лажичка кумин. Овој зачин се додавал во јогурт со малку маснотии или во салати.
Резултатот бил фасцинантен, жените од првата група изгубиле во просек 14% повеќе телесни масти од жените од втората група. Ваквиот ефект се објаснува со фактот дека куминот содржи фитостероли кои имаат способност да го намалат нивото на холестерол во крвта.

За да се подобри метаболизмот, внесот на семки од кумин треба да биде една кафена лажичка дневно. Додадете го овој зачин во јадења направени од јајца, месо, сирење, а исто така и во јогурт и салати.