Овие 8 намирници можете да ги користите и по истекот на рокот

Фото: Pexels
455

На пример, сувите тестенини може да се подготват до две години по датумот означен под „најдобро да се употреби до“.

Постојат неколку намирници кои може да се користат и по истекот на рокот на траење. Сепак, треба да се напомене дека е најдобро храната да се јаде пред истекот на рокот. Сепак, со некои намирници нема да има проблем, особено ако на пакувањето пишува „најдобро е да се употреби до“, а не „рок на употреба до“.
Технички гледано, сѐ што е замрзнато, конзервирано или сушено може да се јаде и по истекот на рокот.

Леб, тестенини, јајца…
На пример, сувите тестенини може да се подготват до две години по датумот означен под „најдобро да се употреби до“. Истовремено, треба да се истакне дека тестенините мора да бидат во херметички затворен сад, како што наведува BBC Good Food. Истото правило важи и за белиот ориз, но тој треба добро да се измие и прегледа.
Конзервирана храна, оцет, соја сос, кечап, затворени бисквити и житарки може да се користат по датумот „најдобро да се употреби до…“.

Потенцираме – ако поминал датумот „„најдобро да се употреби до…“, внимавајте како изгледа храната, како мириса и каков е општиот впечаток пред да ја јадете. Фрлањето храна не е идеално, но не јадете нешто за што не сте 100 отсто сигурни.