Eдна од најздравите намирници во светот и вистински еликсир за здравје

Фото: Pexels
317

Меѓудругото, младиот кромид помага и за одржување на нормален крвен притисок бидејќи е богат со калиум, а дополнително го зголемува производството на добар или HDL холестерол и го намалува количеството на лошиот или LDL холестеролот, со што помага да се намали ризикот од срцев и мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.

Младиот кромид е вкусен додаток на салати, омлети и многу други јадења и секако е еден од протагонистите на пролетните трпези. Сепак, тој е и вистинска супер храна бидејќи е богата со витамини, минерали и многу други скапоцени хранливи материи.

Што сѐ крие во себе?

Да почнеме со витамините А, Ц, К, Б9 и Б6, кои ги има во изобилство, како и калциум, железо, цинк и калиум. Од фитонутриентите, богато се застапени флавоноидите кемпферол, кверцетин, антоцијани и фенолни материи, кои имаат моќни антиоксидантни, антивоспалителни и антимикробни својства, кои во голема мера помагаат во детоксикација на црниот дроб.

Имунитет, варење, срце…

Благодарение на неговото антивирусно и антибактериско дејство, младиот кромид е вистински природен лек за лекување на настинки и разни вирусни инфекции, како и одлична превенција. Секако, треба да се додаде и дека изобилството на витамин Ц го зајакнува имунитетот, а за дневна препорачана доза од овој витамин доволно е да се изеде половина шолја млад кромид дневно. Меѓутоа, покрај тоа што ќе се заштитите од досадните настинки, редовното консумирање млад кромид може да го подобри и варењето.

Содржи влакна кои го поттикнуваат движењето на столицата, поволно делува на отечените црева и го одржува дигестивниот систем високо активен. Кромидот помага и за одржување на нормален крвен притисок бидејќи е богат со калиум, а дополнително го зголемува производството на добар или HDL холестерол и го намалува количеството на лошиот или LDL холестеролот, со што помага да се намали ризикот од срцев и мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.

За мускулите и коските

Кромидот содржи магнезиум, кој е клучен минерал за правилно функционирање на мускулите. Затоа, тој е одличен избор за ублажување на грчеви и болки во мускулите, а супата направена од овој чудесен зеленчук може веднаш да ја ублажи болката и непријатноста по интензивно вежбање. Има и калциум, кој коските го асимилираат и на тој начин ја одржуваат потребната густина и флексибилноста на движењето. Содржината на калиум им помага на клетките и ткивата на телото да апсорбираат повеќе од минералот, што е исто така добро за здравјето на коските. Според некои истражувања, може да помогне и во лекување на ревматоиден артритис и остеоартритис со намалување на болката и воспалението.

За здрава кожа и очи

Содржи и сѐ што е потребно за лекување на анемијата, односно доволно железо, но и витамин Ц кој овозможува нејзина апсорпција. Бројни студии покажале дека го намалува воспалението на кожата и е корисен за бројни кожни проблеми. Амино киселините што ги содржи помагаат во градењето здрави клетки на кожата и го намалуваат црвенилото и отокот на воспалената кожа. Благодарение на содржината на флавоноиди, има антиоксидантни својства кои помагаат да се спречи оштетувањето предизвикано од слободните радикали, да се намали појавата на акни и темни дамки и да се смири иритираната кожа. Освен за кожата, добар е и за очите бидејќи содржи каротеноиди лутеин и зеаксантин и витамин А, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на очите и заштитата од воспаленија и макуларна дегенерација, што може да резултира со губење на видот.

Го намалува ризикот од рак

Младиот кромид содржи моќни сулфурни соединенија наречени алил сулфиди кои помагаат во спречување на рак на дебелото црево, како и природни диететски влакна со кои се особено богати. Истражувањата исто така покажале дека сулфурните супстанции во кромидот можат да помогнат во забавување на развојот и ширењето на ракот на јајниците. Покрај тоа, флавоноидите го спречуваат развојот на ракот со блокирање на ксантин оксидазата, ензим кој ја оштетува ДНК и клеточното ткиво со производство на слободни радикали. Некои студии покажале дека кромидот го елиминира и вишокот естроген, женскиот полов хормон кој е вклучен во развојот на ракот на дојката, а со тоа помага во спречување на рак на дојка. Конечно, според некои студии, антиоксидантите флавоноиди фисетин и кверцетин можат да го спречат развојот на рак.

Рафрлајте се со кромид во кујната
Кромидот, особено младиот, навистина не е тешко да се вклопи во широк спектар на јадења, па нема оправдување да не ги искористите максимално неговите придобивки во наредните месеци. Можете да го готвите, да го печете, да го пржите или да го јадете сиров, важно е да го јадете. Ако немате идеи, обидете се да направите супа од кромид (како француската супа од стар кромид), користете го за да направите сосови и намази како гвакамоле, додадете го во различни јадења со јајца како омлети, фритати, кајгана и киш. Користете го сиров како додаток на сендвичи, салати и разни други специјалитети, похуван, пржен или печен со зеленчук во рерна или на скара или дури и додадени во тестото за солени палачинки.