Едноставен трик за продолжување на рокот на траење на јајцата: Потребна ви е само една состојка од кујната

Фото: Unsplash
3.922

Ако секогаш сакате да имате јајца во фрижидер, веројатно купувате поголема количина, а потоа се плашите дека ќе им помине рокот. Во продолжение прочитајте како можете да го продолжите рокот на траење

Ако одите во набавка на храна еднаш месечно и плус, сигурно купувате поголеми количини храна, вклучително и јајца. Но, тие не можат да траат многу долго, особено ако ги чувате на вратата од фрижидерот.

Сепак, постои супер трик кој ќе го продолжи рокот на траење на јајцата. Многу искусни домаќинки со години го користат овој трик, за кој не ви треба ништо освен нешто што и онака секогаш го имате дома, а тоа е масло.

Трикот е во тоа што пред да ги ставите јајцата во фрижидер, треба добро да ги премачкате со малку масло кое ќе го ставите на малку памук.

Маслото ќе создаде еден вид заштитна бариера на површината на јајцата, со што ќе го продолжи рокот на траење. Исто така, оставете ги во картонот во кој ги купувате и чувајте ги на средната полица во фрижидерот, наместо како што правиме обично, на вратата од фрижидерот.

На тој начин постојаните температурни промени нема да влијаат на производот.