Eликсир од моркови со многу здравствени придобивки

Фото: Pexels
161

Покрај тоа што е богат со витамини, минерали и влакна, морковот е и добар извор на антиоксиданти.

За некои, морковите се најдобрата намирница кога станува збор за здравјето. Генерации родители им кажуваат на своите деца дека тие се оние кои ќе им помогнат кога станува збор за подобар вид. Дали е ова вистина и кои се другите придобивки од оваа популарна намирница, прочитајте во продолжение.

Морковите се крцкави, вкусни и многу хранливи и имаат бројни здравствени придобивки. Иако денес е познат како зеленчук со светло портокалова боја, оригиналниот морков од Централна Азија имал виолетово-жолта боја. Морковите денес се користат насекаде низ светот и се многу популарна намирница, веројатно поради веќе споменатата висока хранлива вредност, едноставноста кога станува збор за неговата обработка и подготовка, како и долгиот рок на траење.

Нутритивни вредности и здравствени придобивки
Покрај тоа што е богат со витамини, минерали и влакна, морковот е и добар извор на антиоксиданти. Само еден морков со средна големина, кој тежи околу 60 грама, содржи:

25 калории
5,8 грама јаглени хидрати
1,7 грама влакна
0,9 протеини
калциум и калиум, лутеин, бета каротин
витамини Е и К, Ц и А.
Вашите родители веројатно ви кажале дека морковите се добри за вашиот вид. Недостатокот на витамин А кој го содржи морковот може да предизвика слепило кај децата. Затоа, родителите биле во право. Сепак, видот на повеќето луѓе нема да се промени откако ќе консумираат само моркови, освен ако немаат сериозен недостаток на овој витамин. Покрај витаминот А, морковите ги содржат и антиоксидантите лутеин и зеаксантин, а нивната комбинација може да спречи клеточна дегенерација на макулата, односно макуларна дегенерација. Затоа, неговото консумирање е навистина важно, а освен за видот, може да помогне и во борбата против:

рак на простата – антиоксидантните ефекти на каротеноидите во исхраната – жолти, портокалови и црвени органски пигменти присутни во морковот и другиот зеленчук – може да го намалат ризикот од рак. Лутеинот и зеаксантинот се два примери на овие каротеноиди. Преглед на студии од 2015 година ја наведе врската помеѓу исхраната богата со каротеноиди и помал ризик од рак на простата.
рак на кожа – истражувањата покажуваат дека одредени хранливи материи можат да бидат значајна поддршка во заштитата на кожата од оштетување или дури и да помогнат во обновувањето на веќе оштетената кожа и на тој начин да влијаат на намалување на ризикот од развој на рак на кожата. Во клиничките експерименти најмногу се испитувало делувањето на бета-каротенот и на антиоксидативните нутриенти: витамини А, Ц, Е, селен и цинк.
леукемија – во 2011 година, истражувачите пронајдоа докази дека хранливите материи во екстрактот од сок од морков може да ги убијат клетките на леукемијата и да ја забават или запрат нивната прогресија.
дијабетес – авторите на преглед на студии од 2018 година заклучија дека исхраната богата со растителни влакна може да помогне да се спречи развојот на дијабетес тип 2. Понатаму, храната богата со влакна, исто така, може да им помогне на луѓето со дијабетес тип 2 да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
висок крвен притисок – Американското здружение за срце (АХА) ги охрабрува луѓето да додаваат помалку сол или натриум во оброците и да јадат повеќе храна која содржи калиум, како што се морковите. Калиумот помага да се релаксираат крвните садови, намалувајќи го ризикот од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми, пишува Medical News Today.

Освежителен еликсир од моркови и ѓумбир
Лимета, морков и ѓумбир измешани заедно создаваат напиток кој не само што освежува, туку и ќе го наполни телото со витамини, минерали и други хранливи материи. Ќе го зајакне имунитетот и ќе ве закрепне кога ви е најпотребно.

Состојки:
2 лажици сечкан излупен ѓумбир
250 мл свеж сок од морков
125 мл свеж сок од лимета
80 мл вода

Приготвување:
Во мало тенџере на средна топлина ставете ги ѓумбирот и водата. Мешајте додека не зоврие.
Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и оставете 10 минути.
Добиената течност процедете ја во бокал и почекајте да се излади.
Во изладениот сируп додадете ги сокот од морков и лимета кои претходно сте ги направиле со помош на соковник или цедалка за овошје.
Добро измешајте и чувајте го во фрижидер. Послужете со мраз.

Напомена: Доколку сакате посладок напиток со ѓумбир и вода, додадете шеќер, а можете да користите и нешто поздраво, како на пример еритрол.