Енергетски бомбици против анемија: Рецепт кој го зголемува железото и навистина делува
Овие енергетски топчиња не се само здрав десерт, туку и природен сојузник во борбата против анемијата.
Комбинацијата од ореви, коприви, мед и урми ги прави овие енергетски бомбици богат извор на железо, додека сокот од лимон помага за подобра апсорпција. Идеални се за деца, бремени жени и за секој што сака да ја подобри крвната слика на вкусен начин. Совршени се за ужина или како додаток во исхраната.
Овој рецепт за бомбици кои комбинираат железо и фолна киселина од коприви, витамин Ц од лимон кој ја подобрува апсорпцијата, антиоксиданти и магнезиум од какаото во прав, квалитетни протеини и здрави масти од јаткасти плодови, како и природна енергија и минерали од медот и урмите.
Рецепт за бомбиците против анемија
Состојки:
200 г мелени ореви или лешници
2 лажици какао во прав
2 лажици чај од коприва (или мелени суви листови)
100 г мед
100 г урми
сок од 1 лимон
Подготовка:
Исечкајте ги оревите во блендер. Во сад, измешајте ги сечканите ореви, какаото во прав и мелените листови од коприва. Додадете мед, сок од лимон и сечкани урми, а потоа измешајте сè заедно додека не добиете хомогена смеса.
Обликувајте бомбици, извалкајте ги во какао или во сечкани ореви, по желба. Чувајте во фрижидер и земајте по две бомбици на ден.