Еве како Загреб ќе се бори против фрлањето храна: Преку апликација ќе може да се купува по половина цена

Фото: Pexels
206

Преку апликацијата корисниците ќе можат да најдат храна која не е продадена во текот на денот во продавниците, пекарите, рестораните, продавниците за овошје и зеленчук и други угостителски објекти и да ја купат по значително пониска цена.

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 280.000 тони храна или 71 килограм по жител.

Речиси 40 проценти од неа е храна за јадење, што било причина за создавање на апликацијата Crumbs.hr.

Преку апликацијата корисниците ќе можат да најдат храна која не е продадена во текот на денот во продавниците, пекарите, рестораните, продавниците за овошје и зеленчук и други угостителски објекти и да ја купат по значително пониска цена.

Апликацијата функционира на тој начин што корисниците на платформата можат да изберат т.н пакети на изненадување кои содржат вишок храна од тој ден и да ги преземат во продавницата или угостителскиот објект со најмалку 50 проценти попуст.

Содржината на пакувањето не е целосно позната бидејќи капацитетите не знаат каква храна ќе остане на крајот од денот, но корисниците можат да бидат сигурни дека она што ќе го купат е во рок на траење и со попусти од 50 до 70 проценти.

Целта на платформата е да се намали отпадот од храна и преку поврзување на корисниците со сите оние кои ја продаваат, да се придонесе за поодржливо општество“, објаснува основачот на платформата Crumbs.hr, Антонио Матушан.

Платформата моментално има околу педесетина продажни локации во Загреб, а нивниот број расте од ден на ден.

Сопствениците на објектите овде гледаат бројни можности бидејќи освен што не мора да ја фрлаат непродадената храна, остваруваат дополнителен приход и ја прошируваат базата на клиенти.

Апликацијата ќе нуди и други производи со краток рок на траење како свежо цвеќе.

Crumbs.hr ќе започне со работа во септември оваа година и ќе биде бесплатен за корисниците, а со тек на време ќе нуди и достава со што клиентите нема да имаат потреба лично да ги подигнуваат производите на локацијата.