Еве која храна ви треба ако не можете да спиете: Намирници кои содржат мелатонин

Фото: Pexels
711

Мелатонинот е хормон што го лачи епифизата и тој ги регулира будноста и спиењето. Неговото лачење се намалува со текот на годините и по 45 -тата година од животот почнува значително да опаѓа. Еве што треба да консумирате ако имате проблем со спиењето

Понекогаш ни треба долго време да заспиеме, а причините можат да бидат различни, од стрес, анксиозност, до депресија.

Меѓутоа, консумирањето храна богата со мелатонин може да помогне во такви ситуации.

Мелатонинот е хормон што го лачи епифизата (пинеалната жлезда) која се наоѓа помеѓу двете церебрални хемисфери. Пинеалната жлезда, со големина на грашок има задача да го регулира деноноќниот ритам. Количината на произведен хормон во епифизата зависи од периодот од денот: во текот на ноќта се произведуваат околу 70 отсто мелатонин во организмот. Треба да се напомене и дека производството на мелатонин во организмот зависи и од осветлувањето. При прекумерна дневна светлина, синтезата на хормонот се намалува, додека при намалена светлина се зголемува. Затоа овој хормон е познат и како хормон на темнината.

А природниот ритам на човекот е создаден така што човекот спие ноќе, а се буди наутро. Понекогаш, од различни причини, овој ритам е нарушен, па некои луѓе користат таблети мелатонин за да им помогнат да заспијат. Но, многу експерти се прашуваат колку е корисна употребата на мелатонин во облик на суплемент, па наместо тоа советуваат да се консумира храна богата со мелатонин.

Еве неколку намирници кои можете да почнете да ги консумирате и доколку имате проблем со спиењето.

Ореви

Покрај тоа што содржат високо ниво на триптофан, аминокиселина која помага да се произведе мелатонин, оревите имаат и висока концентрација на готов облик на мелатонин.

Овес

Иако повеќето од нас користат овес во форма на овесна каша за појадок, таа е идеална и за вечера. Овесот е одличен природен извор на мелатонин и има способност да го регулира нашиот внатрешен биолошки часовник. Оваа храна е исто така природен извор на триптамин, особено кога се комбинира со млеко.

Покрај тоа, овесот е богат со калциум, магнезиум и минерали за кои е откриено дека позитивно влијаат на квалитетот на спиењето.

Вишни

Се покажа дека вишлоните предизвикуваат зголемено лачење на мелатонин што го олеснува сонот. Една студија објавена во списанието Journal of Medicinal Food покажала дека оние кои пиеле чаша сок од вишни двапати дневно во текот на две недели, го продолжиле времето за спиење за 84 минути, во споредба со оние кои не го пиеле сокот.

Банани

Бананите, покрај минералите магнезиум и калиум, чија улога е да ги релаксираат мускулите и да го обезбедат нивното правилно функционирање, го содржат и веќе споменатиот триптамин, што ги прави уште повеќе добра храна во борбата против несоницата.

Освен во овие намирници, мелатонин е достапен и во пченката, доматите, оризот, морковите, ротквиците, смоквите и во магдоносот.