Евтина намирница, одлична за нервниот систем и кожата, антиканцерогена и полна со магнезиум!

Фото: Pexels
304

Оваа евтина, но здрава намирница можете да ја додадете во готвени јадења, во салата или едноставно да ја јадете сама за себе како ужина


Семките од сончоглед во 35 грама имаат 205 калории, 18 г масти, 3 мг натриум, 7 г јаглени хидрати и 7 г протеини.

Богати се со магнезиум, исклучително важен минерал за регулација на нервниот систем, против грчеви и за добро расположение, но и за здравјето на коските.

Со 455 мг во една порција (отприлика една шака), семките од сончоглед ќе ни ја дадат препорачаната дневна доза на магнезиум.

Полни со протеини

Како и другите јаткасти плодови и семки, сончогледот е добар извор на протеини.

Истражувањата покажуваат дека растителните протеини можат да имаат многу позитивно влијание врз здравјето на срцето, да помогнат во контролата на тежината и да го намалат ризикот од хронични болести, пишува EatThis.

Витаминот Е во семките од сончоглед помага да се заштити кожата од оштетување предизвикано од УВ зраците.

Инаку, витаминот Е е моќен антиоксидант кој се бори против воспалителните процеси во телото и ги штити клетките од оксидативен стрес.


Семките од сончоглед содржат голема количина на витамин Е (50 мг/100гр), што е многу важно поради полинезаситените масни киселини, кои со овој витамин, кој е антиоксидант, нема да создадат канцерогени слободни радикали.

Токму затоа е најдобро есенцијалните масти да се земаат директно од семките.

Есенцијалните масни киселини во семките од сончоглед помагаат и во одржување на хидратацијата на кожата и ѝ даваат здрав сјај.

Помагаат при губење на тежината

Семките од сончоглед се природно богати со маснотии, но се одлични за контролирање на внесот на калории бидејќи, додека ги лупите, оставате простор помеѓу и се заситувате побрзо дури и со многу мала количина.

Печењето домашен леб и додавањето на семки од сончоглед е одличен избор за да ги искористите придобивките од овие семки.

Го зајакнуваат имунитетот

Семките од сончоглед содржат и селен, кој е многу важна хранлива материја.

Помага за здрав сон, го зајакнува имунолошкиот систем.

Сепак, треба да знаете дека семките од сончоглед се доста калорични и затоа треба да се консумираат умерено, на крајот на краиштата, како и сè друго.