Млекото е симбол на здравјето со векови, но денес предизвикува сè повеќе контроверзи.
Додека некои го сметаат за незаменлив извор на хранливи материи, други предупредуваат на здравствени проблеми, лоши услови во сточарството и огромни еколошки последици.
Според податоците од Германското здружение за исхрана (DGE), просечната потрошувачка на млеко во Германија минатата година била 46 килограми по лице – дури десет килограми помалку отколку пред десет години, пренесува T Portal.
Кравјото млеко е природно наменето за хранење на телиња, но поради богатиот состав го нашло своето место во човечката исхрана.
Ги содржи сите есенцијални аминокиселини, повеќе од 400 масни киселини, калциум, магнезиум, калиум, фосфор, како и витамини А, Д, Е, К и витамини од групата Б, особено Б2 и Б12. Поради оваа причина, Министерството за здравство на САД (DGE) препорачува две порции млеко или млечни производи дневно.
Голема студија открива кој вид млеко е најздрав за срцето
Сепак, не реагира секој добро на млеко. Дури 75 проценти од светската популација и 30 проценти од Европејците се нетолерантни на лактоза, што значи дека им недостасува ензимот лактаза потребен за варење на млечниот шеќер.
Последиците се болки во стомакот, надуеност и дигестивни нарушувања. За луѓето склони кон алергии, консумирањето млеко може да го зголеми ризикот од развој на алергиски заболувања, вели Тагешау.
Еколошкиот отпечаток на млекото
Покрај здравствените проблеми, млекото носи и значителен еколошки товар. Професорот Марко Спрингман од Универзитетот во Оксфорд, експерт за исхрана и животна средина, предупредува дека млекото има еден од најголемите еколошки отпечатоци – веднаш по говедското месо.
Неговото истражување покажува дека производството на храна предизвикува една четвртина од сите емисии на стакленички гасови во светот, троши повеќе од 70 проценти од свежата вода и е најголемата причина за губиток на биодиверзитетот.
Може ли млекото од растителна основа да биде соодветна замена за млекото од животинско потекло?
Студија во која учествувал покажала дека преминувањето кон храна од растителна основа може да ги намали емисиите поврзани со храната за дури 73 проценти и користењето на земјиштето за 76 проценти.
Дури и најеколошките животински производи, како што се јајцата и млекото, имаат поголемо влијание врз животната средина од повеќето алтернативи на растителна основа.
Благосостојбата на животните под микроскоп
Покрај климатските промени, масовното производство на млеко, исто така, земало свој данок врз животните. Истражувањето од Универзитетот Хумболт во Берлин покажало дека конвенционално одгледуваните млечни крави живеат во полоши услови од поголемиот дел од другиот добиток во индустриското земјоделство.
Ова, заедно со климатските проблеми, поттикнува сè повеќе луѓе да избираат алтернативи на растителна основа.
Соиното, овесното и бадемовото млеко сочинуваат околу 10 проценти од вкупниот пазар. Нивните предности вклучуваат помала содржина на заситени масти и помало влијание врз животната средина – помалку емисии, помала потрошувачка на вода и помала потреба од обработливо земјиште.
Производителите додаваат калциум и витамини во пијалаците на растителна основа за да ги направат нутритивно споредливи со кравјото млеко.