Ги правите еднаш, а ги јадете цел месец

109

Овие колачи се добри затоа што се едноставни за правење, вкусни се и колку подолго стојат, толку се подобри

Рецептот за овие колачи е од старата тетратка со рецепти на мајка ми која секогаш ги правеше во две варијанти и по околу 4 дози. Да има.

Имено, овие колачи се добри затоа што можат долго да траат. Кога се тазе, тогаш се крцкави, а со време омекнуваат и се уште повкусни.

И двата вида колачи ја имаат истата база, со тоа што сега направивме и мали дополнителни измени.

Бидејќи направивме 4 дози, а тоа ќе значеше речиси 500 г путер, а во фрижидер имавме само еден (250 г), употребивме една лименка кокосово млеко.

Исто така, во стариот рецепт во едните се ставаа мелени ореви, а во другите кора и сок од портокал, ние во вторите додадовме мелени лешници.

Еве што ви треба за една доза, но ве советуваме веднаш да направите барем две и да ги дуплирате состојките:

Состојки за колачите со мелени ореви:

2 јајца

80 г шеќер

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

150 г мелени ореви

120 г путер (или 60 г путер плус пола конзерва кокосово млеко)

400-500 г брашно

Приготвување:

Се матат јајцата со омекнатиот путер и шеќерот, па се додаваат полека и останатите состојки. Брашното се додава последно и сами ќе видите колку ви треба. Треба да замесите смеса која ќе може да се развлече во кора со дебелина од 2-3 мм, во зависност од тоа дали сакате подебели или потенки колачи. Сега употребете калапи за колачи во различни форми или стаклена чаша.

Ставајте ги во тепсија врз хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.

За преливот стопете чоколадо со малку млеко и путер и прелијте ги, а потоа ставете по парче бадем или орев одозгора.

Состојки за колачите со портокал:

2 јајца

80 г шеќер

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

сок и кора од еден голем портокал