Ги путер и лук: Комбинација што му помага на варењето, го зајакнува срцето, ги елиминира токсините и се бори против воспаленијата
Ги од лук, како што сугерира и самото име, е прочистен путер помешан со лук. Покрај тоа што има ароматичен вкус, оваа фузија обезбедува хранливи и здравствени придобивки.
Ги е прочистен путер што источната медицина, особено Ајурведата, го нарекува течно злато поради неговите лековити својства. Меѓу другото, се покажал како ефикасен во лекувањето на инфекции на очите, намалување на лошиот холестерол, превенција на дијабетес, воспоставување добро варење и забавување на Алцхајмеровата болест.
Од друга страна, лукот содржи најмалку десетина антиоксидантни супстанции, содржи биоактивни соединенија како алицин, кои имаат антимикробни, антиинфламаторни и кардиоваскуларни придобивки. Во комбинација, овие состојки создаваат единствена храна која го подобрува здравјето.
Што е Ги од лук?
Ги од лук, како што сугерира и самото име, е прочистен путер помешан со лук. Покрај тоа што има ароматичен вкус, оваа фузија обезбедува хранливи и здравствени придобивки. Ги е богат со омега-3 масни киселини, бутират и витамини растворливи во масти (А, Д, Е и К), а лукот придонесува со сулфурни соединенија, антиоксиданти и пребиотски својства, зголемувајќи ја нутритивната ефикасност на оваа комбинација.
Здравствени придобивки
Помага на варењето
Двете намирници го помагаат варењето. Ги содржи маслена киселина, која ги храни цревните клетки, а умереното консумирање лук ја подобрува работата на гастроинтестиналниот тракт и помага во спречување на појава на чир. Дополнително, лукот има пребиотски својства кои ги поддржуваат здравите цревни бактерии, кои заедно го подобруваат варењето и ја намалуваат надуеноста.
Го зајакнува имунитетот
Алицинот, главната состојка на лукот, успешно се бори против грипот и настинката. Во комбинација со ги путерот кој помага во подобра апсорпција на витамини растворливи во масти, ги путерот со лук станува природно средство за зајакнување на имунитетот.
Здравје на срцето
Умереното консумирање ги е поврзано со помал ризик од коронарна срцева болест, потврдила студијата објавена во International Quarterly Journal of Research in Ayurveda.
Покрај тоа, лукот дополнително го поддржува кардиоваскуларното здравје со намалување на LDL холестеролот и подобрување на циркулацијата.
Антивоспалителни својства
Комбинацијата на ги бутиратите и антиоксидантите од лукот помага во борбата против воспалението, кое е основната причина за многу хронични болести, вклучително и метаболички нарушувања. Покрај тоа, овој намаз може да помогне и во ублажување на болните зглобови.
Добра комбинација за детоксикација
Мешавината од овие намирници е одличен сојузник за детоксикација на организмот. Лукот содржи сулфурни соединенија кои, кога се комбинираат со ги, обезбедуваат подобра апсорпција и го поддржуваат процесот на детоксикација. Споменатиот бутират во ги путерот помага во одржување на здрава слузница на цревата, што е важно во процесот на елиминирање на токсините.
Придонесува за добро регулирање на телесната тежина
Ова дуо се покажало одлично и во контролата на тежината. Ги путерот обезбедува здрави масти кои промовираат чувство на ситост, а лукот го регулира нивото на лептин, контролирајќи ја желбата за храна.
Го подобрува здравјето на кожата и косата
Ги делува како природен навлажнувач, а лукот го поддржува производството на колаген. Заедно тие ја подобруваат еластичноста на кожата и придонесуваат за здравјето на косата.
Направете своја мешавина во тегла
Состојки:
1 чаша ги путер
6-8 чешниња лук (излупени и исечкани)
Подготовка:
Во тавче на тивок оган стопете го путерот. Додадете исечкани чешниња лук.
Гответе на тивок оган додека лукот не порумени и не стане ароматичен (околу три до пет минути).
Ако сакате, можете да ги оставите парчињата лук за посилен вкус или да го процедите путерот ако сакате помазна текстура.
Оставете малку да се излади, па префрлете ја мешавината во тегла и добро затворете ја. Да се чува на собна температура или во фрижидер.
Внимание:
И покрај неговите многубројни придобивки, Ги путерот треба да се консумира умерено ако внимавате на внесот на калории. Исто така, лукот има својства за разредување на крвта, па оние кои земаат антикоагуланси треба да се консултираат со лекар пред да опочнат со редовното консумирање.