Го ставаме во секој ручек, а прогласен е за најотровно растение во 2023 година: Не ги јадете овие делови од магдоносот во никој случај

Фото: Pexels
3.166

По вторпат, во трката за најотровно растение во годината победи билката која секојдневно ја користиме во исхраната.

Храната што ја консумираме секој ден може да има и своја темна страна, па така и магдоносот се најде на самиот врв на листата на најотровни растенија

Вторпат по ред во трката за најотровно растение во годината победи билката која секојдневно ја користиме во исхраната.

Отровни делови од магдоносот
Оваа година ботаничката градина Вандсбек го прогласи магдоносот за најотровно растение, додека минатата година оваа титула ја имаше компирот.

Сепак, ова растение можете да продолжите да го консумирате со мирна совест, бидејќи лисјата и коренот, кои обично ги јадеме, не претставуваат никаква опасност. Напротив, содржат многу витамин Ц, кој е важен за спречување на настинки, пренесува Fruchthandel.

Магдоносот е двегодишно растение, а неговата темна страна се покажува дури во втората година. Имено, во втората година се развиваат цветни стебленца високи од 30 до 70 цм со неугледни жолто-зелени цветови. Од нив подоцна се развиваат семиња. Цветовите не се за консумирање, а не се ни семките бидејќи содржат масло од магдонос. Маслото од магдонос содржи апиол – кој делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Поради оваа причина, маслото од магдонос во минатото се користело за предизвикување абортус.

Делува како афродизијак
Германците користат посебен израз: Магдоносот ги става мажите на коњ, а жените под земја. Да појасниме, магдоносот делува како афродизијак за мажите.

Освен апиол, маслото од магдонос содржи и миристицин, уште една токсична состојка која може да влијае на централниот нервен систем и да предизвика некои видови напади. Botanical online вели дека содржи и ксантотоксин и бергаптен, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат лезии на кожата.