Го зајакнуваат имунитетот, ослободуваат од анксиозност и запек и ја подмладуваат кожата: И сето тоа во шолја чај

Фото: Freepik
234

Ливчињата од роза се полни со антиоксиданти, вклучувајќи флавоноиди, фенолни соединенија и витамини А, Ц и Е

Нежните ливчиња од роза, покрај волшебниот мирис кој го шират низ просторот, многумина ги користат и за ароматични цели, во форма на есенцијално масло.

Ароматерапевтите истакнуваат дека ова масло придонесува за тонусот на кожата, ги намалува лузните од акните и дава свежина, го запира крварењето, ги зајакнува непцата, го подобрува либидото и нуди многу други придобивки.

Ливчињата од роза богати со антиоксиданти, може да се користат и за подготовка на лековит чај.

Здравствени придобивки

Ливчињата од рози му даваат на чајот нежна арома и малку сладок вкус.

Но, овој чај крие вистински арсенал на антиоксиданти, вклучувајќи флавоноиди, фенолни соединенија и витамини А, Ц и Е, па затоа е идеален сојузник за целокупното здравје.

„Чајот од роза е природно без кофеин, тој е добар извор на хидратација, богат со антиоксиданти и може да помогне во ублажување на менструалните болки“, истакнува клиничката диететичарка Вена В.

Донесуваме уште неколку придобивки од овој моќен цвет.

  1. Хидратација

Една од најголемите придобивки на овој чај е тоа што придонесува за хидратација.

Примарниот состав на ливчињата од рози е вода, па ова е идеален пијалак и за оние кои редовно забораваат да внесат доволно течност во своето тело.

Недостигот на вода или дехидрацијата може да доведат до симптоми на замор, главоболки, но и посериозни проблеми како низок крвен притисок, наведува Националниот институт за здравје.

  1. Релаксација

Заедно со популарната камилица, лавандата и маточината, пиењето чај од роза придонесува и за чувството на релаксација.

Според една студија објавена во Heliyon, ливчињата од роза помагаат во намалување на стресот, анксиозноста и депресијата. Овој напиток може да помогне и при анксиозност предизвикана од недостаток на сон.

  1. Ја намалува менструалната болка

Ако избегнувате лекови за менструални болки, чајот од роза се покажа како добра алтернатива. Ова го докажала студија објавена во Journal of Midwifery & Women’s Health, која го испитувала ефектот на овој чај кај 130 тинејџерки во Тајван.

Им давале по две шолји чај од роза секој ден 12 дена, една недела пред менструацијата.

Биле следени шест менструални циклуси, а резултатите покажале значително намалување на болката.

  1. Може да го подобри квалитетот на кожата

Розата е една од најпопуларните состојки во производите за нега на кожа.

Ливчињата од роза се антиоксидантни и антиинфламаторни и можат да ѝ помогнат на кожата да изгледа помлада и поздрава.

Исто така, има антибактериски својства кои можат да помогнат во спречување на појава на акни.

  1. Го подобрува варењето

Овој чај се користи и за подобрување на здравјето на дигестивниот систем, односно помага при симптоми на варење, надуеност и запек.

Природните соединенија во чајот од роза имаат благи лаксативни и диуретични својства, помагаат да се елиминираат токсините и да се промовира здрав дигестивен систем.

Можни несакани ефекти

Иако чајот нуди многу здравствени придобивки, луѓето со одредени здравствени состојби прво треба да побараат лекарски совет.

Алергии – Луѓето кои се алергични на растението роза треба да го избегнуваат овој чај.
Интеракции со лекови – Чајот од роза може да стапи во интеракција со одредени лекови, како што се разредувачите на крв и антидепресивите.
Висока содржина на витамин Ц – Премногу витамин Ц во исхраната може да предизвика дијареа, гадење, главоболка и киселини.

Исто така, високите количини на витамин Ц може да предизвикаат кај некои луѓе камења во бубрезите.

Исто така, може да ја зголеми апсорпцијата на железо, што може да ги влоши симптомите кај луѓето со нарушувања поврзани со железо.
Која доза е добра за чај од роза секој ден?

Не постои стандардизирана доза за чај од роза, но консумирањето до две шолји дневно генерално се смета за безбедно за повеќето поединци.

Направете си сами чај

За да направите чај од роза, едноставно потопете една лажица суви ливчиња од роза во топла вода околу пет до 10 минути, процедете и уживајте.

Бројот на ливчиња и времето на натопување можете да ги прилагодите врз основа на вашите преференции за вкус и јачина, советува диететичарката.