Холандска компанија прави кожа од манго (ВИДЕО)

Фото: Pexels
185

Оваа револуционерна веганска кожа е произведена од илјадници плодови манго кои инаку би завршиле како отпад.

Холандската компанија по име Fruitleather го привлече вниманието на светот со својот иновативен производ – веганска кожа од мангo. Ко-основачите Хуго де Бун и Коен Меркерк за првпат излегоа со концептот за Fruitleather во 2015 година, со визија да го намалат отпадот од храна и во исто време да придонесат за eколошки прифатлива кожна индустрија.

Оваа револуционерна веганска кожа е произведена од илјадници плодови манго кои инаку би завршиле како отпад. Наместо тоа, Fruitleather го претвора овој овошен вишок во материјал што се користи за правење паричници, торби и чевли. Процесот на производство започнува со собирање околу 1.500 манга секоја недела од холандските увозници.

Откако мангото ќе се преработи и ќе се претвори во каша, се додаваат специјални адитиви кои ја претвораат пулпата на мангата во материјал што личи на кожа. По сушењето, материјалот поминува низ машината за втиснување за да добие изглед и да се чувствува при допир слично на животинска кожа. Резултатот е веганска кожа што ги освојува клиентите и дизајнерите ширум светот со својата одржливост и естетика.