Холестеролот од јајцата сепак не ги затнува артериите: Што велат истражувањата?

Фото: Pexels
332

Повеќето луѓе можат да јадат едно цело јајце на ден без да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар или други проблеми. Но, ако сте во „ризичната“ група, не треба да јадете повеќе од три цели јајца неделно.

Иако со години се шпекулира дека холестеролот од јајцата е главната причина за затнати артерии, група научници од Харвард го негираат тоа.

Научниците спровеле студија со 117.000 медицински сестри, кое траело 14 години. Резултатите од студијата покажале дека нема разлика во ризикот од срцеви заболувања кај испитаниците кои јаделе во просек по едно јајце неделно и испитаниците кои јаделе повеќе од едно јајце дневно.

Друга студија, објавена во Journal of the American College of Nutrition, покажала дека јајцата се храна која поефикасно го задоволува гладот ​​на покрупните луѓе од пекарските производи (во еднаков калориски внес). Затоа заклучиле дека јајцата се погодна диетална храна!

Холестеролот од јајцата и здравјето
Јајцата се хранливо вредна храна, со исклучителен протеински профил, а во просек содржат само 70 kcal по парче. Ставот на Американското здружение за срце (American Heart Association) е дека едно јајце на ден е прифатливо, но треба да се внимава на вкупниот дневен внес на холестерол од различни извори.

Колку јајца треба да јадете?
Општо земено, повеќето луѓе можат да јадат едно цело јајце на ден без да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар или други проблеми. Но, ако сте во „ризичната“ група, не треба да јадете повеќе од три цели јајца неделно.

Ако сакате да јадете повеќе јајца од препорачаната количина, можете да ја извадите жолчката од јајцата. Белките не содржат холестерол, но сепак имаат протеини.

Јајцата можат да бидат здрави ако ги јадете умерено и ако ги следите упатствата за големината на порцијата за вашите специфични потреби. Но, бидејќи обично јадете јајца со друга храна, исто така е важно да се земе предвид количината на холестерол во тие производи. Путер, сирење, сланина, колбаси, мафини и други вообичаени опции за појадок може да додадат многу холестерол во вашата вообичаена порција јајца.

Вашата исхрана е една од многуте промени во животниот стил кои можат да го намалат вашиот холестерол или да ве спречат да добиете висок холестерол. Лекарите препорачуваат да го ограничите количеството на животински масти и да јадете здрави масти во умерени количини за да го одржите нивото на добар холестерол.

Просечниот човек треба да прима не повеќе од 300 милиграми холестерол дневно, додека оние со фактори на ризик не треба да добиваат повеќе од 200 милиграми дневно.

Храна која го намалува холестеролот
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се најдобриот начин да ги внесете потребните здрави масти во вашето тело без грижа на совест. Бидејќи масните киселини кои ги добиваме од јаткастите плодови се природни и не се хемиски обработени, тие се исклучително здрави за срцето.

Грав
Само ½ чаша грав дневно помага во намалување на нивото на холестерол за 8 проценти. Освен што има исклучителна енергетска вредност, гравот има и бројни лековити својства.

Темно чоколадо
Експертите тврдат дека секојдневното консумирање на 100 грама црно чоколадо помага да се намали појавата на кардиоваскуларни проблеми за 21 отсто.

Трици
Само две лажици овесни трици дневно може да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми, да го намалите холестеролот и да ги заштитите крвните садови, да го спречите или ублажите дијабетесот.

Маслиново масло
Бројни истражувања покажаа дека маслиновото масло ја намалува концентрацијата на ЛДЛ холестеролот и го подига нивото на ХДЛ холестеролот.

Банана
Јадењето една банана дневно влијае на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, односно, го намалува.