Здравје што расте на бор: Лековити својства на пињолите и рецепт за домашно песто

Фото: Pexels
201

Спроведеното истражување покажало дека оние кои консумираат 60 грама од овие јаткасти плодови најмалку два пати неделно го намалуваат ризикот од срцев удар за 47%.

Пињолите се мали јаткасти плодови на борот и се една од главните состојки на популарното песто, но и многу повеќе од тоа, бидејќи, како што откриле експертите, овие ситни плодови кријат неверојатни лековити својства. Пињолите се богати со антиоксиданти, витамини А, Б, Ц, Д и Е и лутеин, кои се од големо значење за вашето здравје бидејќи помагаат во борбата против слободните радикали.

Пињолите созреваат на крајот на летото или на есен. Кога се собираат шишарките што ги содржат семките, се избираат неотворените.

На борот му требаат околу 15 години за да произведе шишарки во кои се кријат овие плодови, а потоа е продуктивен повеќе од сто години. Шишарките се берат рачно и се сушат на сонце за да се отворат лушпите. Потоа се отсрануваат лушпите и се доаѓа до овие прекрасни плодови.

Пињоли за здравје
Пињолите се користеле во храната пред илјадници години, а се верува дека Индијанците биле првите што ги откриле. Денес тие се една од најважните состојки на медитеранската кујна.

Имаат многу специфичен вкус и арома, богати се со масла, протеини, минерали и витамини.

Исто така, богати се со незаситени масти, кои превентивно делуваат на болестите на срцето и крвните садови и помагаат во намалување на лошиот холестерол.

Спроведеното истражување покажало дека оние кои консумираат 60 грама од овие јаткасти плодови најмалку два пати неделно го намалуваат ризикот од срцев удар за 47%.

Тие може да се користат за лекување на туберкулоза, за лекување на бубрезите, мочниот меур и варењето.

Поради својата калорична вредност и високата содржина на протеини, пињолите се одличен избор за ужина бидејќи 100 грама пињоли содржат дури 670 калории.

Можат да се користат во слатки и солени јадења, а најпознато е секако „Pesto Genovese“. Ние ви го пренесуваме рецептот и начинот на правење.

Домашно песто
Пестото е традиционален италијански сос, лесно се прави, а можете да го користите на многу начини. Можете лесно да го користите за зачинување на тестенините, салатите и сендвичите. Но, можете да го користите и како маринада за разни меса или риба.

Состојките кои влегуваат во најтрадиционалното песто се: свеж босилек, пињоли, лук, маслиново масло, рендан пармезан, сол и црн пипер. Измијте ги сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер, прелијте ги со маслиново масло, додадете малку сок од лимон и зачинете.

Сооднос за песто:

2 лажици босилек
Половина шолјичка пармезан
Половина шолјичка маслиново масло
1/3 шолјичка пињоли
2-3 чешниња лук
Сол, црн пипер, сок од лимон по желба