Хранете се здраво: Во овој вид зеленчук се кријат добрата циркулација и здравјето на срцето

Фото: Freepik
264

Според истражувањата, оние кои вклучуваат поголеми количини од овој зеленчук во својата исхрана имаат значително помали шанси да ги развијат опасните последици од акумулацијата на калциум во крвните садови – водечка причина за срцев и мозочен удар.

Иако постојат многу различни начини за одржување на здраво срце, еден од најважните е да ја наполните чинијата со квалитетна храна. Нова студија презентира неколку видови на зеленчук кои се особено важни за здравјето на срцето и добрата циркулација.

Во една студија објавена во британското списание Nutrition, истражувачите откриле дека јадењето повеќе зеленчук од типот на брокула, прокељ, карфиол и зелка – може да помогне да се спречи напредната васкуларна болест кај постарите жени. Тие го прават тоа така што спречуваат акумулација на калциум во крвните садови, што и овозможува на крвта слободно да циркулира низ телото. Насобирањето на калциум е исто така водечка причина за срцев и мозочен удар, така што неговото одржување на минимум го намалува ризикот и од тие немили настани.

„Во нашите претходни студии откривме дека консумирањето на овој вид зеленчук е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни болести, како што се срцев удар или мозочен удар, но не бевме сигурни зошто. Нашите наоди од оваа студија даваат увид во потенцијалните механизми кои се вклучени“, вели водечкиот истражувач д-р Лорен Блекенхорст во соопштение за медиумите. „Сега откривме дека постарите жени кои консумираат поголеми количини на овие видови на зеленчук секој ден имаат помали шанси да развијат големи калцификации во нивната аорта.

Ова може делумно да биде благодарение на важниот витамин што го содржи овој вид на храна: „Една посебна состојка која се наоѓа во овој вид зеленчук е витаминот К, кој може да биде вклучен во инхибиција на процесот на калцификација што се случува во нашите крвни садови“, вели таа. Не мора ни да јадете премногу брокула, зелка, карфиол и прокељ за да ги искористите придобивките за вашето срце.

Според студијата, оние кои јаделе повеќе од 1/4 шолја брокула или 1/2 чаша сирова зелка дневно имале 46 отсто помали шанси да ги искусат опасните ефекти од акумулацијата на калциум во споредба со учесниците кои јаделе мали количини од овој зеленчук. Секако, тоа не значи дека брокулата, зелката и прокељот се единствениот зеленчук што треба да го јадеме. За општо добро здравје и благосостојба, важно е да се јаде квалитетна и разновидна храна секој ден.