И млекото од бадем може да се расипе: Ова се знаците на кои треба да внимавате

Фото: Pexels
68

Без разлика дали тој напиток го користите во утринското кафе, како основа за смути или за подготовка на овесна каша, треба да се провери дали е безбеден за употреба, особено ако стои подолго време.

Без разлика дали сте додале во вашата исхрана растителен напиток од бадеми како замена за кравјо млеко поради проблеми со лактозата или едноставно затоа што ви е вкусен, ако не пиете големи количини од него секој ден, има добри шанси дека полупразниот тетрапак со овој растителен пијалак седи заборавен некаде во вашиот фрижидер.

Расипаниот пијалок од бадем нема да има силен мирис каков што би имало заборавеното кравјо млеко, но сепак има знаци кои вреди да се имаат на ум кога се проценува дали преостанатиот пијалак е добар за консумирање.

Како што објаснуваат на порталот Epicurious, постојат најмалку четири различни виновници за расипување на напитокот од бадеми, а тоа се бактериите, оксидацијата, квасовите и мувлата.

Јасни знаци дека вашиот пијалак е лош се секако чуден мирис и вкус и потемна боја на пијалакот. Помирисајте го пијалакот и ако почувствувате застарен мирис на влажен картон или разредувач на боја, тоа значи дека пијалакот се расипал поради оксидација.

Ако сè уште не сте сигурни, пробајте го, а ако пијалакот има кисел или на друг начин непријатен вкус, фрлете го.

Промената на конзистентноста и текстурата на вашиот пијалак, исто така, може да биде знак дека се расипал – бактериите или квасецот може да предизвикаат згуснување или згрутчување на напитокот од бадеми.

Одредено одвојување на течноста во билните пијалаци е природно, па затоа е добро да се протресат пред да се отворат за да се спојат сите состојки, но во случај течноста веднаш да почне повторно да се одвојува кога ќе ја истурите во чаша или по мешањето воопшто не се спојува, фрлете ја.

Ако забележите црна мувла во шишето или во тетрапакот и на површината на пијалакот, немате за што да размислувате, правец: ѓубре.
Колку долго може да издржи напитокот од бадем зависи од повеќе фактори, но задолжително имајте на ум дека по отворањето треба да го употребите во рок од десет дена до две недели. Доколку подолго време чувате затворени пакувања со растителен напиток во оставата, а забележите дека пакувањето е отечено, најдобро би било да го фрлите.

Доколку сами си правите напиток од бадеми, имајте на ум дека има пократок рок на траење бидејќи не содржи адитиви или конзерванси, па би било добро да го чувате во фрижидер цело време и да го консумирате во рок од пет до седум дена од правењето.

Исто така, клучно е при правењето на пијалакот да остане на собна температура што е можно пократко – само додека го цедите, инаку, чувајте го во фрижидер.
Продолжете го рокот на траење на веќе отворениот пијалак внимавајќи на чистотата при точење и никогаш не го пијте директно од шишето или од пакувањето.

Откако ќе ја истурите потребната количина, напитокот веднаш затворете го и вратете го во фрижидер.

Доколку не сте сигурни дали ќе можете да го искористите вашиот растителен пијалак до крај, истурете го во сад за коцки мраз и замрзнете го, па подоцна додадете ги коцките мраз во вашето кафе, во сосот што го подготвувате или во смути.