Исчистете ги белите дробови со помош на еликсир од ѓумбир, куркума и кромид

Фото: Pexels
149

Дури и ако сте се откажале од пушењето, пробајте го овој ефикасен напиток кој совршено ги чисти белите дробови од насобраните токсини и им помага да работат оптимално.
Направен е од три моќни состојки кои со причина се меѓу најдобрите природни лекови.

Белите дробови се еден од најважните органи во човечкото тело.

Бидејќи со нивна помош се одвива дишењето што значи живот, замислете колку е важно тие да бидат чисти и здрави.

Доколку сте долгогодишен пушач, токсините од цигарите се насобрале во вашите бели дробови, a тоа како што знаете, го загрозува вашето здравје.

Со текот на времето, пушењето дури може да доведе до рак на белите дробови, како и до бројни други болести.

Дури и ако сте поранешен пушач, пробајте го овој ефикасен напиток кој совршено ги чисти белите дробови од насобраните токсини и им помага да работат оптимално.

Овој пијалак е направен од три моќни состојки кои со причина се меѓу најдобрите природни лекови.

Тоа се ѓумбир, куркума и кромид!

Кога на овие состојки ќе им додадете и мед, пијалакот навистина се претвора во вистински лековит еликсир не само за вашите бели дробови, туку и за целокупното здравје.

3 моќни состојки за здрави бели дробови

Ѓумбир – ја елиминира слузта од белите дробови

Овој зачин со исклучителни лековити својства, меѓу другото, помага и за отстранување на вишокот слуз од белите дробови.

Ѓумбирот е одлично средство за чистење на белите дробови, а во исто време има антибактериско и антиинфламаторно дејство.

Овој луткаст корен е одличен за постудените денови бидејќи освен што го загрева телото одвнатре, помага и во спречувањето на настинки и грип, ги ублажува симптомите на астма, го подобрува варењето и ја ублажува болката.

Ѓумбирот помага и во ублажување на симптомите на хронична опструктивна белодробна болест.

Куркума – ги чисти белите дробови и штити од болести

Овој жолт зачин, познат и како индиски шафран, содржи витамини, минерали и омега-3 масни киселини.

Покрај тоа што има силни антибактериски и антиинфламаторни својства, штити и од рак.

Ова е одлична вест за сите пушачи, имајќи предвид дека токсините кои ги внесуваат во белите дробови со чадот од цигарите на крајот може да доведат до малигни заболувања.

Куркумата ја чисти и крвта и белите дробови и ги штити од разни болести.

Кромид – спречува болести на респираторниот систем

Исто како и лукот, кромидот е исклучително здрав не само за пушачите туку и за непушачите.

Богат е со антиоксиданти кои го потиснуваат дејството на слободните радикали и на тој начин помагаат во спречување на малигни и срцеви заболувања.

Кромидот содржи и витамини Б6 и Ц, кои помагаат при инфекции на белите дробови и други болести на респираторниот систем.

Мешавината од ѓумбир, куркума и кромид одлично делува во синергија бидејќи помага да се елиминира никотинот од белите дробови на пушачот, ги прочистува и ја стимулира нивната работа.

Друга состојка на овој еликсир е медот.

Овој исклучително здрав пчелен производ измешан со вода создава текстура слична на плазма која лесно се апсорбира од телото.

Медот, кој е богат со различни антиоксиданти и хранливи материи, исто така ги чисти белите дробови од слуз, го зајакнува имунитетот и помага во спречување и лекување на бронхитис.

Еликсир за чистење на белите дробови – рецепт

Состојки:

корен од свеж ѓумбир (големина на палецот)
2 лажици куркума
400 гр кромид
400 гр мед или јаворов сируп
1 литар вода

Приготвување:

Во вода ставете кромид исечен на четвртинки, а ѓумбирот се сече на помали парчиња, па се додава и тој во водата. Се вари, па се намалува температурата и се додаваат куркумата и медот.

Оставете ја смесата на оган додека течноста не се намали за половина.

Процедете го еликсирот и ставете го во чиста тегла. Оставете го целосно да се излади, па префрлете го во фрижидер.

Дозирање

Земајте 2 лажици од еликсирот наутро на празен стомак и 2 часа пред вечера.

Конзумирајте го овој еликсир за белите дробови секој ден во текот на две недели.

Откако ќе престанете да го земате овој еликсир, особено во текот на зимата, секој ден можете да пиете топол чај од ѓумбир со мед и лимон – одличен е за имунитетот и за одржување на здравјето на белите дробови, како и на целиот респираторен систем.

Дополнителни совети за здрави бели дробови

Поминувајте што е можно повеќе време на свеж воздух, по можност некаде покрај море.

Јадете што е можно повеќе зеленчук како брокула, карфиол и зелка, кои го поддржуваат здравјето на белите дробови.

Збогатете го менито со што повеќе моркови, домати и портокали бидејќи се богати со каротин и витамин Ц.

Зголемете го внесот на храна богата со фолна киселина, како што се аспарагус, леќа, спанаќ и ротквици.

Размислете да се откажете од пушењето или да го намалите бројот на цигари на минимум.