И водата има рок на траење! Знаете ли што се случува по 15 минути пиење од пластично шише?

Фото: Pexels
589

Пластичната амбалажа не е добра и секогаш кога можеме подобро е да избираме стаклена амбалажа, а ако не можеме, подобра е водата од чешма. Немам ниту еден колега хемичар кој пие вода од пластична амбалажа, изјавила за една српска телевизија д-р Светлана Станишиќ, нутриционистка и професорка по физикална хемија.

Доколку купувате флаширана вода, внимавајте на етикетата и на етикетата што ја користи пластичната индустрија, предупредуваат експертите.

Кога купувате флаширана вода, го гледате датумот на задниот дел од шишето или на капачето? И покрај етикетата на флашираната вода која ветува добар квалитет, флашираната вода со поминат рок може да има непријатен вкус. Не треба да заборавиме дека и оваа вода има рок на траење. Датумот не предупредува кога хемикалиите ќе почнат да влијаат на вкусот на водата.

Каква е пластиката во која се пакува водата, кога не е за употреба и што значи забелешката на производителот дека водата може да трае бесконечно доколку се складира правилно, објаснила на српската телевизија К1 д-р Светлана Станишиќ, нутриционистка и професорка по физикална хемија.

„Водата во пластичните шишиња зависи од условите за складирање. Првото нешто што треба да се каже е дека ниту една пластика не е безбедна. Значи, како и да ја складирате, флашираната вода сигурно ќе се разликува од водата од чешма или од изворската вода. Се разбира, водата од чешма има микропластика и не можеме да избегаме од неа. Факт е дека купувањето пластични шишиња може лошо да влијае на здравјето.

Колку подолго седи на висока температура, толку е полошо. Сончевата светлина влијае на распаѓање на пластиката и на растворање на хемикалиите во водата што е во неа. Правилното складирање зависи од температурата и изложеноста на сончева светлина. „Понекогаш може да се види дека етикетите се избледени и тоа значи дека биле на сонце долго време пред да бидат ставени на полиците“, објаснила докторката.

Професорката ги објаснила и последиците од прекумерното консумирање на флаширана вода.

„Дефинитивно ќе има нешто од пластиката, дури и без оглед на условите во кои ја чуваме. Јас, да бидам искрена, пијам вода од чешма. Пластичната амбалажа не е добра и секогаш кога можеме подобро е да избираме стаклена амбалажа, а ако не можеме, подобра е водата од чешма. Немам ниту еден колега хемичар кој пие вода од пластична амбалажа“, изјавила д-р Станишиќ и додала:

„Во моментов не знаеме какви се сите последици од тоа. Газираните сокови, а особено киселите содржини како алкохол, пиво од пластични шишиња, ги апсорбираат овие супстанции. Засега шпекулираме дека последиците се поврзани со алергиите кои стануваат почести, потоа автоимуни болести.

Кога пиеме вода од пластично шише, микропластиката ни е во крвта за 15 минути. Ако земете крв од луѓе, 95 од стотина од нив ќе имаат адитиви од пластиката“, објаснила професорката.
Ознаката „Без БПА“ беше клучна, но индустријата за пластика ја смени тактиката.

„Пластиката сама по себе не е толку лоша, но на пример, типовите 3, 6 и 7 треба да се избегнуваат, иако помалку се користат за пакување храна и пијалаци. Но, проблемот се адитивите од сите видови пластика, како бисфенол А. Тоа е состојка која се додава како додаток на пластиката за да биде убаво проѕирна.

Адитивите ѝ даваат квалитет на пластиката, така што таа може да биде флексибилна, доволно силна, отпорна на сончево зрачење, но протекуваат во содржината. Веројатно сте виделе шишиња за бебиња или цуцли означени со „BPA Free“, што значи „без бисфенол А“ доколку станува збор за производ со повисок квалитет“, објаснила професорката и предупредила на дополнителната ознака:

„Што направи пластичната индустрија за тоа? Го замениле со бисфенол С, за кој се покажало дека има апсолутно исти штетни ефекти. Пишуваат дека е без бисфенол А, и ставиле бисфенол С и така цела азбука нè чека, изгледа.

Кога започна производството на пластика, во средината на минатиот век, знаевме дека пластиката во мали количини не може да не загрози, но сега? Сега е штетно. Впрочем, овие парчиња се дури и во плацентата. Нема повеќе фетуси кои не се во допир со пластика“, изјавила др. Станишиќ.

Филтрите не помагаат, тврди докторката.
„Претходно се препорачуваше да се загрее водата за да се уништат микроорганизмите. Но, она што го имаме во нашиот водовод е вода со повеќе минерали, а не бактерии, така што бигорот останува во водата. Луѓето мислат дека е многу штетно, но не е. Вриената вода поминува низ нашето тело и не останува внатре. Само се потиме.

За правилна хидратација се прават спортски пијалаци кои содржат оптимално ниво на минерали. Водата од чешма е добра затоа што содржи оптимално ниво на минерали“, објаснила докторката и открила што е пронајдено во филтрираната вода:

„Истото важи и за филтрите. Јас земав вода од филтер и испадна дека е блиску до дестилирана вода. Тие филтри, цевките низ кои поминува водата се исто така пластика и во нив има бактерии.

Мострите ги однесов на анализа во Институтот за јавно здравје и се покажа дека има 6 до 10 пати повеќе бактерии.

Тоа не се бактерии кои предизвикуваат труење, но не се бактерии кои треба да се најдат во водата“, објаснила д-р Светлана Станишиќ, пишува „Србија Данас“.