Имате проблем со покачен холестерол? Регулирајте го со тиква

Фото: Freepik
79

Тиквата има корисен ефект врз црниот дроб поради фактот што содржи многу витамин А, фосфолипиди и незаситени масни киселини омега 3-6. Овие супстанции се природни хепатопротектори: односно учествуваат во формирањето на клеточни мембрани на црниот дроб и во метаболизмот на холестеролот.

Освен што го креваат нивото на серотонин – хормонот на среќа и лекуваат депресија, тиквите исто така го регулираат холестеролот и поседуваат силно противвоспалително дејство.

Благодарение на овие лековити својства, семките и маслото од тиква можат да ни го зачуваат здравјето во ладните, есенски денови.

Тиквите се вистинска ризница од витамини, протеини, калиум, фолна киселина и антиоксиданти. Семките од тиква се богати со протеини, железо, цинк, магнезиум и витамин К.

Заради сето ова, тиквата може да ги спречи болестите на мокрачните патишта, да го поттикне исфрллањето на вишокот вода од организмот, одличен диуретик е и им се препорачува на болните од реума, гихт, воспаление на бубрезите и бешиката.

„Дијабетичарите би требало да јадат тиква што почесто, затоа што таа го снижува нивото на шеќер во крвта. Научниците откриле дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош, затоа што го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки од панкреасот“, рекол Џорџ Болт, нутриционист од клиниката во Копенхаген.

Бидејќи влакнестата храна придонесува за регулирање на варењето, омекнување на столицата и го забрзува метаболизмот, таа е главен предуслов и за здраво губење на килограмите.

Уште една причина за да ја збогатите трпезата со оваа намирница е ладно цеденото масо од семки од тиква, кое изобилува со омега-3 и омега-6 масни киселини, кои делуваат на здравјето на репродуктивните органи.

Освен тоа, семките од тиква содржат фитостерини, односно, растителни хормони кои се благотворни во случај на бенигни зголемувања на простатата.

Корејските научници откриле дека протеините од кората на тиква го спречуваат растот на патогени микроорганизми вклучувајќи ја и кандидата, која предизвикува сериозни здравствени тегоби.

Тиквата е полна со витамини, а можете да ја користите за да направите бројни јадења, од супи и пити до чорби и салати. Има корисен ефект врз црниот дроб поради фактот што содржи многу витамин А, фосфолипиди и незаситени масни киселини омега 3-6. Овие супстанции се природни хепатопротектори: односно учествуваат во формирањето на клеточни мембрани на црниот дроб и метаболизмот на холестеролот.