Инстант или турско? Кое е поздраво и како всушност се прави кафето најпознато како „нескафе“?

Фото: Unsplash
3.387

Дали се будите со „нескафе“ или со турско кафе? Ако се прашувате кое е поздраво и ако всушност и не знаете како се прави првото, прочитајте ги нашите информации. И да нема забуни, нескафе му доаѓа нешто како „палома“, но мислиме генерално, на инстант кафињата

Инстант кафе се кристали кои настануваат по дехидрација на варено кафе. Дали е овој вид на кафе здраво? Што го прави различно од обичното кафе?

Процесот на добивање инстант кафе вклучува варење на мелени зрна кафе, исто како и обичното кафе. Водата потоа се отстранува од екстрактот за да се создаде концентрирана сува материја или кристали. Дехидрираните кристали потоа може да се реконституираат со врела вода за да се добие шолја инстант кафе.

Продавниците продаваат инстант кафе во гранули или во пакување за една шолја.

Инстант кафето има подолг рок на траење од зрната кафе, но дали е здраво?

Инстант и обичното кафе имаат речиси идентичен прехранбен профил. Разликите се толку мали што веројатно се занемарливи во здравствен смисол, освен во однос на содржината на кофеин.

Една шолја инстант кафе има околу 62 милиграми кофеин, додека шолја обично варено кафе има 96 милиграми кофеин. Меленото кафе содржи повеќе кофеин отколку инстант кафето заради зголемената обработката потребна за правење на инстант кафето, при што губи повеќе кофеин.

1. Инстант кафето содржи антиоксиданти и хранливи материи
Кафето е најголемиот извор на антиоксиданти во модерната исхрана. Се верува дека високата содржина на антиоксиданти е одговорна за многу здравствени предности.

Како и обичното кафе и инстант кафето содржи многу важни антиоксиданти.

Според едно истражување, инстант кафето може да содржи дури и поголеми количини на одредени антиоксиданти од другите, заради начинот на кој се обработува.

Понатаму, една стандардна шолја инстант кафе содржи само 7 калории и мали количини калиум, магнезиум и ниацин (витамин Б3).

2. Инстант кафето содржи повеќе акриламид
Акриламидот е штетна хемикалија која настанува при пржењето на зрната кафе. Оваа хемикалија исто така често се наоѓа во широк спектар на храна, во чадот, производи за домаќинство и производи за лична нега.

Интересно е што инстант кафето може да содржи до два пати повеќе акриламид отколку свежото, пржено кафе.

Прекумерното изложување на акриламид може да ги оштети жолчните канали и да го зголеми ризикот од рак.

Сепак, количината на акриламид на која сте изложени преку храната и кафето е многу помала од количината за која се покажало дека е штетна. Затоа, пиењето на инстант кафе не треба да предизвикува загриженост во врска со изложеноста на акриламид.

3. Како и обичното кафе, инстант кафето може да има неколку здравствени предности.
Бидејќи инстант кафето ги содржи истите антиоксиданти и хранливи материи како и обичното кафе, би требало да ги има повеќето исти здравствени ефекти.

Пиењето инстант кафе ја подобрува работата на мозокот.

Содржината на кофеин може да ја подобри функцијата на мозокот.

Пиењето инстант кафе го поттикнува метаболизмот.

Кофеинот може да го поттикне вашиот метаболизам и да ви помогне да согорите повеќе маснотии.

Пиењето инстант кафе го намалува ризикот од болести. Кафето може да го намали ризикот од невродегенеративни заболувања, како што се Алцхајмеровата и Паркинсиновата болест.

Го намалува ризикот од дијабетес. Кафето може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Го поттикнува здравјето на црниот дроб. Кафето и кофеинот можат да го намалат ризикот од заболувања на црниот дроб, како што е цироза и рак.

И конечно, пиењето кафе може да ви помогне да живеете подолго.

Сите гореспоменати предности и недостатоци се однесуваат на обичното инстант кафе без млеко и шеќер.

Ако се одлучите за што било со вкус, ќе имате работа со адитиви кои можат да имаат здравствени ризици или барем вишок калории. Тоа вклучува шеќер, млеко во прав, вештачки ароми, па дури и палмино масло.

Ако сакате да знаете колку кафе треба да пиете, консумирањето 3-5 шолји кафе секој ден би можело да биде оптимално.