Секој според својата конституција: Ако си ја знаете дошата, ќе знаете како да се храните и каков животен стил да терате, а може да ве предупреди и за болест

Фото: Pexels
563

Дали знаевте дека вашите доши може да ви дадат предупредувачки знаци за болест? Впрочем, дали воопшто и знаете што се тоа доши?

Познавањето на нашата сопствена доша, како што во една од најстарите науки за лекување, Ајурведата, се нарекува основната телесна конституција, може да ни помогне да откриеме кој диететски режим е најдобар за нас, кој животен стил ја поддржува хармонијата на нашите емоции и рамнотежата на нашето тело, кон кои болести сме склони и како да ги пронајдеме вистинските лековити суплементи, козметика и третмани што најдобро функционираат за вас.Нашите доши можат да ни дадат многу информации, па дури и предупредувачки знаци за болест.

Ајурведата се темели врз принципот на Три-доши: Вата, Пита и Кафа.

Всушност, секој од нас ги има сите три доши претставени во нашата конституција, но тие се манифестираат различно и уникатно кај секој поединец.

Според Ајурведата, кога се грижите за вашите навики и начин на живот, трите доши, делуваат заедно во хармонија.

Понекогаш, една од нив излегува од рамнотежа и доколку не се третира правилно, може да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Доколку сакате да знаете како да дознаете повеќе информации за дошите, за нерамнотежата во вашиот организам и за тоа како да ја спречите болеста, можете да направите ајурведски преглед .

Имено, наскоро, поточно од 1 до 5 март во Скопје ќе престојува еден од најпопуларните ајурведски специјалисти, д-р Шјам Прасад кој им помогнал на илјадници луѓе ширум Европа да живеат поцелосен и поздрав живот.

За неговата посета на Македонија се заслужни луѓето од Ајурведа Македонија, која е лидер на Балканот во областа на ајурведската медицина, природниот начин на лечење, козметика и другите здрави навики.

Секој кој е заинтересиран, може да си закаже преглед со пулсова дијагностика, а во меѓувреме, можете со помош на едноставен тест сами да ја пресметате вашата доша – типот на вашето тело според Ајурведата. Тестот побарајте го ТУКА.

По одредувањето на дошата, во центарот можете да побарате преглед или само консултација за сѐ, а најважно, за начинот на исхрана и за тоа што е најдобро за вашиот организам, односно, за вашата основна телесна функција.

Во неколку следни продолженија ќе побараме и листа со намирници кои се најдобри за секоја доша.